Просјак (скулптура во Скопје)
Просјакот претставува бронзена скулптура на човек, кој го симболизира христијанското мачеништво, односно според авторот таа е конципирана врз иконостасната христијанска каноника која го проектира внатрешниот простор за молитви и тихување. Со страдалните искуства на Христовите предвесници и следбеници опишана е Христовата голгота низ која личноста ја спознава светлоликоста на Богочовекот. Споменикот се наоѓа на улицата Македонија во центарот на Скопје. Автор на оваа скулптура е Наташа Божарова - Пијанманова.[1] Скулптурата била поставена во април 2009 година.
Оваа скулптура е дел од проектот на Министерството за култура за поставување 36 скулптури во центарот на Скопје.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Расклопен иконостас во делата на Божанова - Пијанманова“. Вест. Посетено на 2011-08-14.
- ↑ „ИЗБРАНИ 40 РЕШЕНИЈА ОД КОНКУРСОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА“. Премин. Посетено на 2011-07-26.
Оваа статија споменик во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |