Проста реченица е реченица или дел-реченица кој има само една независна реченица и не содржи зависни реченици. Простата реченица може да стои самостојно во еден текст.

Примери

уреди
  • Детето скокна. [Проста реченица која е составена од само една независна реченица. Реченицата има подмет („детето“) и прирок („скокна“).]
  • Човекон ја изеде супата. [Проста реченица составена од само една независна реченица. Реченицата е составена од подмет („човекон“), прирок („изеде“) и директен предмет (супата).]
  • Девојчето спие во креветот. [Проста реченица составена од само една независна реченица. Реченицата е составена од подмет („девојчето“), прирок („спие“) и прилог за место („во креветот“).]

Наводи

уреди
  • Rozakis, Laurie (2003). The Complete Idiot's Guide to Grammar and Style pp. 167–168. Alpha. ISBN 1-59257-115-8.
  • Anatomy Of A Simple Sentence In English Language Архивирано на 11 мај 2012 г. at Wakish Wonderz Архивирано на 15 јули 2012 г.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди