Пропаст, познат и како Дум (англиски: Doom) — научнофантастичен филм од 2005 г. во режија на Анджеј Бартковјак.[7] Филмот е заснован на серијата игри Doom од id Software.[8][9] Филмот бил објавен на 21 октомври 2005 г. во САД и на 2 декември 2005 г. во Обединетото Кралство.[10] Главните улоги во филмот ги играат Карл Урбан и Двејн Џонсон.[11][12] Заплетот на филмот раскажува за морнарички пешадинци што отишле на планетата Марс поради помошен сигнал добиен од истражувачки центар сместен на нејзината површина, а причината за тоа биле опитите со човечки хромозоми, што довеле до мутации на кадарот на центарот.[13]

„Пропаст“
Филмскиот плакат
РежисерАнджеј Бартковјак
Продуцент
Главни улоги
МузикаКлинт Мансел
КинематографијаТони Пирс-Робертс
МонтажаДерек Бречин
Студио
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиера17 октомври 2005 г. (Лос Анџелес)
21 октомври 2005 г. (САД)
27 октомври 2005 г. (Германија)
3 ноември 2005 г. (Чешка)
2 декември 2005 г. (Обединето Кралство)
Времетраење104 минути[2]
Земја
Јазик
Буџет60 — 70 милиони долари[5][6]
Бруто заработка58,7 милиони долари[6]

На 7 февруари 2006 г., режисерскиот дел од филмот бил официјално објавен на ДВД, со 15 минути исечени од изворната верзија.

Содржина

уреди

Филмот е заснован на изменет заплет на играта Doom 3. Дејството на филмот се одвива во 2046 г. Откако ќе се добие помошен сигнал од Марсовската научна лабораторија, посебен одред морнарички пешадинци заснован на Земјата, користејќи посебна меѓупросторна порта наречена Ковчегот, е испратен на Марс. Пристигнувајќи во центарот, тие откриваат дека генетските опити на д-р Кармак излегле од контрола и сега треба да ја запрат толпата мутанти пред да се пробијат на Земјата.

Улоги

уреди
Глумец Улога
Карл Урбан Џон „Косачот“ Грим
Двејн Џонсон Ашер Махонин
Розамунд Пајк д-р Саманта Грим
Бен Даниелс Ерик Фантом
Ал Вивер Марк Данталијан
Раз Адоти Грегори Шофилд
Деобија Опареј Рорк „Уништувачот“ Ганон
Ричард Брејк Дин Портман
Роберт Расел д-р Тод Кармак

Наводи

уреди
  1. „Doom“. DNEG.com. Архивирано од изворникот March 19, 2022. Посетено на April 3, 2022.
  2. 'DOOM' (15)“. British Board of Film Classification. October 18, 2005. Посетено на February 23, 2016.
  3. „Doom (2005)“. British Film Institute. Архивирано од изворникот на August 2, 2012. Посетено на November 20, 2012.
  4. Deming, Mark. „Doom (2001)“. AllMovie. RhythmOne. Посетено на November 20, 2012.
  5. Предлошка:Cite Box Office Mojo
  6. 6,0 6,1 Предлошка:Cite the numbers
  7. „The F*ckin Black Sheep: Doom (2005)“. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2016-11-24. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  8. „How 'The Rock' Turned Back into Dwayne Johnson“. Архивирано од изворникот на 2017-12-04. Посетено на 2017-09-28. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  9. „5 Sci Fi Video Game Movies We Want To See!“. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2016-11-24. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  10. „Feature and TV films“. Архивирано од изворникот на 2016-11-08. Посетено на 2016-11-05. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  11. 'Ray Donovan' season 4 cast update: The details so far“. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2016-11-24. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  12. 'MythBusters' Doom Episode: Adam Savage & Jamie Hyneman Explore The Most Mind-Boggling Video Game Question in History“. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2016-11-24. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  13. „Movie and TV Martians before 'The Martian'. Архивирано од изворникот на 2016-11-24. Посетено на 2016-11-24. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

уреди