Променлива ѕвезда од типот на Бета Лира
Променлива Ѕвезда од типот на Бета Лира (β Lyr-променлива) — класа на блиски двојни ѕвезди. Имаат променлива вкупна сјајност бидејќи двете составници кружат една околу друга и повремено едната ја прикрива другата, попречувајќи ја светлината. Двете составни на β Lyr-системите се причично тешки (секоја по неколку Сончеви маси (M☉)) и големи (џинови или суперџинови). Сместени се толку блиску што се изобличени под дејство на меѓусебните гравитациски сили: имаат елипсоиден облик и меѓу нив тече големо количесто маса.
Масени текови
уредиОвие масени текови се јавуваат бидејќи една од ѕвездите, во текот на нејзиниот развој, станала џин или суперџин. Ваквите големи ѕвезди лесно ослободуваат маса токму поради нивната големина: гравитацијата на површината е слаба, па така гасот лесно ја напушта ѕвездата (таканаречениот ѕвезден ветер). Кај блиските системи како оној од типот на β Lyr, загубата се засилува под уште едно дејство: кога џиновската ѕвезда ќе се набабри, ја достигнува својата Рошова граница, односно математичката површина која ги обиколува двете составници на двојката каде масата слободно тече од едната ѕвезда во другата.
Кај двојните ѕвезди, потешката прва се претвора во џин или суперџин. Според пресметките, загубата на маса станува толку голема што за релативно кратко време (помалку од половина милион години) потешката станува полесна. Дел од нејзината маса оди во другата ѕвезда, а дел се ослободува во вселената.
Светлински криви
уредиСветлинските криви на променливите од типот на Бета Лира се прилично мазни: затемнувањата почнуваат и завршуваат толку постепено што практично е невозможно да се одредат точните мигови. Ова е поради големиот тек на маса ги сврзува на начин што тие образуваат заедничка атмосфера. Замавот of на сјајносните промени во највеќето случаи е помал од една величина; најголемиот познат замав изнесува 2,3 величини (V480 Лира).
Периодот на сјајносните промени е мошне закономерен. Него го определува вртежниот период на двојката — времето потребно двете ѕвезди да направат едно меѓусебно завртување. Овие периоди се куси, обично од еден до неколку дена. Најкраткиот познат период е 0,29 дена (QY Водна Змија), а најдолгиот изнесува 198,5 дена (W Јужен Крст). Кај β Lyr-системите со периоди подолги од 100 дена, една од составниците е суперџин.
β Lyr-системите понекогаш се сметаат за поттип на алголските променливи; меѓутоа, нивните светлински криви се разликуваат (затемнувањата на алголски променливи се многу појасно изразени). Од друга страна, β Lyr-променливите изгледаат слично на променливите од типот на W Голема Мечка, но второспоменатите се уште поблиски двојки (наречени допирни двојки), а нивните составници се претежно полесни од оние на β Lyr-системот (околу 1 M☉).
Примери за β Lyr-ѕвезди
уредиПроротипот на овој тип ѕвезди е Бета Лира (β Lyr), наречена и Шелијак. Нејзината променливост ја открил англискиот астроном Џон Гудрик во 1784 г.
Познати се речиси илјада двојки од типот на β-Lyr: последното издание на Општиот каталог на променливи ѕвезди (ОКПЗ) од 2003 г. наведува вкупно 835 такви ѕвезди (2,2 % од сите променливи ѕвезди). Подолу се дадени податоци за десетте најсјајни примери.
Ѕвезда | Тип* | Период (денови) | Привидна величина (најг, најм) |
Спектар | Оддалеченост (сг) |
---|---|---|---|---|---|
ζ And | EB/GS/RS | 17,7695 | 3,92-4,14 | K1II-III | 181 |
DV Aqr | EB | 1,575529 | 5,89-6,25 | A9V | 280 |
UW CMa | ~EB/KE | 4,393407 | 4,84-5,33 | O7Ia:fp+OB | ~3000 |
τ CMa | EB | 1,28 | 4,32-4,37 | O9Ib | ~3000 |
β Lyr (прототипна) |
EB | 12,913834 | 3,25-4,36 | B8II-IIIep | 880 |
TU Mus | EB/KE | 1,3 | 8,17-8,75 | O7.5V + O9,5V | 15500 |
δ Pic | ~EB/D | 1,672541 | 4,65-4,90 | B3III+O9V | 1700 |
V Pup | EB/SD | 1,4544859 | 4,35-4,92 | B1Vp+B3: | 1200 |
PU Pup | EB | 2,57895 | 4,69-4,75 | B9 | 550 |
υ Sgr | EB/GS | 137,939 | 4,53-4,61 | B8pI:+O9V ? (or F2p?) | ~1700 |
μ1 Sco | EB/SD | 1,44626907 | 2,94-3,22 | B1.5V+B6.5V | 800 |
π Sco | EB | 1,57 | 2,82-2,85 | B1V+B2V | 460 |
CX CMa | EB | 9,9-10,7 | B5V | ||
*) EB = тип на Бета Лира; за другите кодови, погл. ОКПЗ |