The Prodigy

англиска музичка група
(Пренасочено од Продиџи)

The Prodigy (македонска транскрипција: Продиџи)— англиска електронска-денс музичка група основана во Брејнтри, Есекс, во 1990 година. Првата постава на групата ја сочинувале: продуцентот, клавијатурист и текстописец Лијам Хаулет, танчерот и пејач Кит Флинт, танчерот и повремен клавијатурист Лирој Торнхил, танчерката Шарки и MC и пејачот Максим. Тие се пионери на биг-бит жанрот, а нивниот стил го опишуваат како електронски панк.[1][2]

The Prodigy
The Prodigy во 2009 на настап на Cokelive Festival во Романија
Животописни податоци
ПотеклоБрејнтри, Англија
Жанрови
Период на активност1990–денес
Издавачи
Мреж. местоtheprodigy.com

Продиџи се една од најуспешните електронски групи на сите времиња, со продадени околу 25 милиони плочи ширум светот.[3] AllMusic ги опишала како „прв денс изведувач за алтернативната публика“ и како „Кумови на рејвот“.[4] The Prodigy освоиле многу награди за време на нивната кариера, меѓу кои и две Британски музички награди за најдобар британски денс изведувач, три МТВ Видео Музички Награди, две Kerrang! награди, пет награди на MTV Europe и двa пати биле номинирани за Греми награда.[5][6]

Историја

уреди

Основање и први изданија (1990-1991)

уреди

На една од многуте забави каде Хаулет бил диџеј, му пришле танчерот Лирој Торнхил (роден на 8 октомври 1969 година) и неговиот пријател Кит Флинт. Двајцата биле возбудени од музиката на Хаулет и од него побарале да им направи лента со миксови; Хаулет им направил касета со диџеј миксови на едната страна и негови песни од другата страна.[7] Хаулет на касетата го напишал зборот „Prodigy“, што се однесувало на синтисајзерот Moog Prodigy кој го користел за правење дел од музиката.[8] [7] Флинт и Торнхил биле воодушевени од касетата и кон музиката додале нови танцови секвенци, а на Хаулет му предложиле да основаат заедничка група.[7] Одлучиле The Prodigy да биде име на групата и го ангажирале четвртиот член на групата, танчерката и пејачка Шарки која била пријателка на Флинт; групата официјално била основана на 5 октомври 1990 година.[9] [7]

Првата свирка ја имале во февруари 1991 година во клубот The Four Aces (тогашен Labrynth) во Далстон (Источен Лондон). Свирката ја организирал Зиги, локален промотер кој станал нивен прв менаџер. Непосредно пред концертот, членовите на групата се сретнале со раперот и MC Maxim. Бидејќи сè уште им требал MC, го повикале Максим да ѝ се придружи на групата.[10]

Набргу по нивното деби во живо, Хаулет завршил демо-лента со 10 песни и ја пратил во Tam Tam Records со надеж дека ќе им биде понуден договор за снимање, но биле одбиени.[7] Потоа демо лентата ја пратил во XL Recordings кои потпишале договор со групата за издавање на четири синглови.[7] Во февруари 1991 година, Prodigy го објавиле нивното прво официјално издание, EP-то What Evil Lurks, на кое имало четири песни од демото на Хаулет. Набргу по потпишувањето со XL Records, Шарки повеќе не можела да се посвети на групата и си заминала.

Во август 1991 година, The Prodigy го објавиле својот прв сингл „Charly“, во кој биле вметнати дијалози од анимираната серија Charley Says.[8] Синглот станал хит на рејв-сцената,[11] и стигнал до прво место на топ-листата за денс синглови во Обединетото кралство и трето место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство, со што групата се здобила со поголемо внимание од јавноста.[12] Нивниот втор сингл, "Everybody in the Place (Fairground Edit)", бил објавен во декември 1991 година.[8] Се искачил на второ место во ОК, веднаш зад повторното објавената „Bohemian Rhapsody“ од Queen по смртта на нивниот пејач Фреди Меркјури.[13]

Experience и Music for the Jilted Generation (1992–1995)

уреди

Во 1991 и 1992 година, Хаулет го снимал нивниот прв целосен студиски албум Experience. Хаулет, инспириран од Пинк Флојд, прво сакал да направи „рејв концепциски албум“, носе откажал од идејата поради ризикот од ограничување на неговите музички идеи.[7] Албумот бил објавен во септември 1992 година, и се продал во преку 300.000 примероци.[14][15] Овој албум се смета за значајно издание во британската рејв музика и бил влијателен за американскиот диџеј и музичар Моби.

Хаулет објавил анонимна винил плоча, носејќи ги само насловите „Earthbound I“ и „Earthbound 2“, а во септември 1993 година песните биле официјално објавени како „One Love“ и „Full Throttle“ и стигнале до 8-мо место во ОК.[16] Во тоа време групата барем еднаш неделно настапувала во живо и почнала да настапува во странство, како Германија, САД и Јапонија.[17]

Во септември 1994, бил објавен вториот студиски албум на Продиџи, Music for the Jilted Generation. Веднаш се нашол на прво место на топ-листата во ОК и добил позитивни критики.[4] Бил номиниран за наградата Меркјури.[18] Групата избегнувала мејнстрим пубицитет, и одбила да се појави на Top of the Pops и други ТВ емисии во ОК.[19]

По меѓународниот успех на Music for the Jilted Generation, на групата во 1995 година само за настапите во живо ѝ се приклучил гитаристот Џим Дејвис. Потоа бил заменет со Гиз Бат од групата Janus Stark, кој останал во групата во следните три години.[20]

The Fat of the Land и заминувањето на Торнхил (1996–2000)

уреди

Во април 1996 година, бил објавен синглот „Firestarter“ во кој групата прв пат употребила вокали. Синглот ѝ помогнал на групата да се пробие во САД и на други прекуокеански пазари и се искачил на прво место на топ-листата за синглови во ОК.[21] Истата година, Prodigy настапиле на престижниот фестивал Лолапалуза.

На 30 јуни 1997 година, The Prodigy го издале нивниот трет албум The Fat of the Land, со кој во неделата кога бил објавен се искачиле на прво место на топ-листите во 23 држави.[21] Во Обединетото Кралство таа недела продале повеќе албуми од останатите топ-100 заедно и осум пати повеќе од тогашниот број 2, OK Computer од Radiohead.[22]  Албумот подоцна стигнал до прво место на топ листите во 27 земји и добил повеќе платинести награди ширум светот. Бил најпродаван албум во 1998 година.

Во 1999 година бил објавен албумот The Dirtchamber Sessions Volume One, диџеј-микс албум на Хаулет.[23] Во јуни истата година, кога групата веројатно го достигнала својот комерцијален врв, тие се разделиле со гитаристот Гиз Бат. Во 2000 година и Торнхил ја напуштил групата.[24]

 
Веб-страницата на групата по заминувањето на Торнхил во 2000 година.

Always Outnumbered, Never Outgunned (2001–2008)

уреди

Во 2001 година, Палмер и Торнхил започнале свои соло кариери и двајцата објавиле свој сингл. Кит Флинт исто така се обидел со свој проект, но иако албумот наречен Office #1 веќе бил продуциран, проектот пропаднал пред официјалното објавување. Тројцата, во 2002, настапиле на неколку фестивали во Европа година и во јули 2002 година ја претставиле својата нова песна Baby's Got a Temper. Песната била разочарување за критиката. Истата година, списанието Q ги ставило Prodigy на листата од „50 групи што треба да ги видите пред да умрете“.[25]

Во 2004 година, бил издаден четвртиот албум на The Prodigy, Always Outnumbered, Never Outgunned. По претежно негативните критики за Baby's Got a Temper, промената во насоката била очигледна. Во исто време, групата, а особено Лијам Хаулет, била во креативна криза. Палмер и Флинт повеќе не учествувале во продукцијата на албуми. Максим и Кит Флинт и понатаму биле неизоставен дел од настапите во живо. Иако албумот добро се продавал,[14] само неколку критичари биле импресионирани од него.

Првите два албума од Продиџи, Experience и Music for the Jilted Generation биле реиздадени во проширени, луксузни изданија на 4 август 2008 година.[26] Освен тоа што биле ремастерирани, новите изданија имале бонус диск со миксови, раритети и песни во живо.

Invaders Must Die (2008-2010)

уреди
 
Фронтменот на The Prodigy, Кит Флинт со Роб Холидеј

На 5 ноември 2008 година, било објавено дека петтиот студиски албум на групата ќе се вика Invaders Must Die и дека ќе биде издаден со новата издавачка куќа на групата, Take Me to the Hospital. Бил издаден во САД на 3 март 2009 година и бил прв албум на Продиџи по „The Fat of the Land“ од 1997 година на кој се појавуваат сите три члена на групата.[27][28]

Invaders Must Die бил издаден на 21 февруари 2009 година во Австралија и на 23 февруари 2009 година во Европа, заземајќи го првото место во ОК со продажба во првата недела од преку 97.000 примероци.[21] Албумот исто така стигнал до топ-5 во Германија и Австралија и топ-10 во Норвешка и неколку други европски земји.

 
Максим настапува во 2009 година.

The Day Is My Enemy (2010–2015)

уреди

Во мај 2011 година, групата го издала World's on Fire, нивен прв албум во живо и концертен филм кој го документира нивниот концерт од 24 јули 2010 година во Милтон Кејнс.[29] Филмот бил прикажан во определени кина низ Европа само една вечер.[30] На 16 ноември 2010 година, по нивната американска турнеја со Linkin Park, Хаулет објавил дека The Prodigy ќе започне да работи на нов албум.[31]

Во април 2012 година, за да ја одбележат петнаесетгодишнината од објавувањето, бил реиздаден The Fat of the Land,[32] на кој имало и ремикси од повеќе групи како Major Lazer, Noisia и Zeds Dead.

На 2 јули 2014 година, групата открила дека нивниот претстоен албум ќе има друго име и „насилен звук“.[33] Во август 2014 година, тие потпишале договор со Three Six Zero за САД,[34] враќајќи се во Warner Music за прв пат по 2004 година. На 6 јануари 2015 година било објавено дека следниот албум на Prodigy ќе биде објавен на 30 март 2015 година и дека ќе биде насловен како The Day Is My Enemy.[35]

На 12 јануари 2015 година, The Prodigy ја објавиле песната „Nasty“ како водечка песна од нивниот претстоен албум. Хаулет открил дека „зборот насилен постојано се појавува“ кога го опишува албумот. Целиот процес на снимање траел речиси шест години, а биле потребни неколку студија и неколку рестартирања за да се воспостави тој „лут, енергичен звук“.[36]

 
Продиџи на Меѓународниот фестивал во Беникасим, 2015 година

На 23 февруари 2015 година, The Prodigy ја објавиле „Wild Frontier “ како втор сингл од нивниот претстоен албум The Day Is My Enemy кој бил објавен три дена претходно. Во мај 2015 година, The Prodigy најавиле зимска турнеја во Велика Британија и европска турнеја во 2015 година, со Public Enemy како поддршка.[37]

No Tourists, смртта на Флинт и нови турнеи (2016-денес)

уреди

Седмиот студиски албум на The Prodigy, No Tourists, бил објавен на 2 ноември 2018 година.[38]

На 4 март 2019 година, Флинт бил пронајден мртов во неговиот дом во Есекс,[39] неколку недели по турнејата на групата во Австралија и Нов Зеланд.[40][41] Остаокот од турнејата на Продиџи била откажана. Во август 2020 година, Хаулет река дека Продиџи ќе продолжи да постои.[42] Тој потврдил дека нова музика ќе биде објавена во 2021 година.[43] Поранешниот член Лирој Торнхил изјавил дека Хаулет работи на нов албум на Продиџи и дека сака да го заврши како почит за Флинт.[44] На 10 февруари 2021 година, групата ја објавила намерата да започне со продукција на документарен филм за историјата на групата, но дека насловот и датумот на издавање не се познати. Режијата на филмот му била доверена на нивниот долгогодишен соработник Пол Дагдејл, а продукцијата на Pulse Films.[45]

На 7 март 2022 година, The Prodigy најавиле турнеја низ ОК за јули, што се совпаѓа со 25-годишнината од The Fat of the Land, а исто така навестиле дека на турнејата ќе биде изведен нов материјал.

Музички стил и влијание

уреди

Покрај The Chemical Brothers и Fatboy Slim, The Prodigy се сметаат за пионери на биг-бит жанрот, кој се стекнал со мејнстрим популарност во 1990-тите.[46] Продиџи не се смета за целосен претставник на жанрот, бидејќи според AllMusic нивната продукција „често ја рефлектираше поинтелигентната предност на трип-хопот и ретко навлегуваше во безумната арена на вистинскиот биг-бит“.[46] Продиџи се сметаат и за техно,[47][48][49] алтернативна денс,[50][51] електронски рок,[52][53] електропанк,[3][54] рејв,[55][56] денс-рок,[57] електроника,[47] брејкбит хардкор,[58] индустриска,[53] рап рок,[59] и рок музичка група.[60]

Членови на групата

уреди

Времеплов

уреди

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Experience (1992)
  • Music for the Jilted Generation (1994)
  • The Fat of the Land (1997)
  • Always Outnumbered, Never Outgunned (2004)
  • Invaders Must Die (2009)
  • The Day Is My Enemy (2015)
  • No Tourists (2018)

Награди и номинации

уреди

Наводи

уреди
  1. „Liam Howlett: Punk and disorderly“. The Independent (англиски). 2013-12-17. Архивирано од изворникот на 18 June 2022. Посетено на 2021-05-12.
  2. „The Prodigy interview: 'Calvin Harris? That's just waffle. That isn't real'. inews.co.uk (англиски). 2018-11-15. Посетено на 2021-05-12.
  3. 3,0 3,1 Roach, Martin (2010). The Prodigy : electronic punks : the early years 1988-1994. Church Stretton: Independent Music. ISBN 978-1-906191-17-7. OCLC 1100929625.
  4. 4,0 4,1 John Bush. Music for the Jilted Generation – The Prodigy“. Allmusic. Архивирано од изворникот на 3 May 2021. Посетено на 8 October 2011.
  5. The Brit Awards: Prodigy Архивирано на 1 февруари 2012 г. Brits.co.uk. Retrieved 12 February 2012
  6. The Prodigy Архивирано на 13 февруари 2010 г. Rock on The Net. Retrieved 12 February 2012
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 Roach 2010.
  8. 8,0 8,1 8,2 James 2002.
  9. „30 years ago on 5th October 1990...“. 5 October 2020. Посетено на 3 October 2022.
  10. Doran, John (27 August 2008). „The Prodigy Talk to The Quietus About Experience and Jilted Generation“. The Quietus. Посетено на 12 November 2018.
  11. Schiller, Mike (23 December 2005). „The Prodigy: Their Law: The Singles 1990–2005“. PopMatters. Архивирано од изворникот на 30 November 2011. Посетено на 30 September 2011. Songs like "Out of Space" and "Charly" turned into massive club hits
  12. „PRODIGY“. The Official Charts Company. Посетено на 30 September 2011.
  13. „Official Singles Chart Top 75 12 January 1992 - 18 January 1992“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на 7 May 2019. Посетено на 16 March 2019.
  14. 14,0 14,1 „UK Top 40 Hit Database“. everyHit.com. Архивирано од изворникот на 29 October 2019. Посетено на 2 October 2011. Note: User must define search parameters as "Prodigy".
  15. „Certified Awards Search“. British Phonographic Industry. Архивирано од изворникот на 14 May 2011. Посетено на 2 October 2011. Note: Reader must type "Prodigy" into the Search box and hit Go.
  16. „Promo“. theprodigy.info. Архивирано од изворникот на 21 November 2011. Посетено на 2 October 2011.
  17. Празен навод (help)
  18. „Books“. theprodigyfanboy.com. 31 August 2011. Архивирано од изворникот на 1 July 2012. Посетено на 13 October 2011.
  19. „Prodigal son“. The Guardian. 20 August 2004. Архивирано од изворникот на 3 May 2021. Посетено на 13 October 2011.
  20. „Bands“. gizzbutt.com. Архивирано од изворникот на 5 October 2011. Посетено на 2 October 2011.
  21. 21,0 21,1 21,2 Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums. London: Guinness World Records Limited.
  22. „Keith Flint - Pop - INTRO“. web.archive.org. 2017-10-25. Архивирано од изворникот на 2017-10-25. Посетено на 2023-10-18.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  23. Liam Howlett. Interview. BBC Radio 1 Breezeblock.
  24. Dingwall, John (2 March 2001). „I quit the Prodigy and life fell apart; Leeroy Thornhill tells how his split with DJ Sara Cox edged him close to a nervous breakdown...“. Daily Record (Scotland). Архивирано од изворникот на 3 May 2021. Посетено на 2 October 2011.
  25. „Q Magazine Lists“. Rocklist.net. Архивирано од изворникот на 16 July 2013. Посетено на 2 October 2011.
  26. B. Van Isacker (14 July 2008). „The Prodigy reissue first 2 albums and play new songs live“. side-line.com. Архивирано од изворникот на 8 June 2012. Посетено на 2 October 2011.
  27. Howlett, Liam (11 March 2008). „Take Me to the Hospital“. Архивирано од изворникот на 14 March 2008. Посетено на 2 October 2011.
  28. „The Prodigy: Invaders Must Die New release date: March 3, 2009“. idiomag.com. 30 January 2009. Архивирано од изворникот на 23 July 2013. Посетено на 2 October 2011.
  29. „Pre-order World's on Fire CD/DVD/BLU-RAY“. theprodigy.com. Архивирано од изворникот на 21 April 2011. Посетено на 2 October 2011.
  30. „World's on Fire“. theprodigy.com. Архивирано од изворникот на 26 March 2011. Посетено на 2 October 2011.
  31. „The Prodigy Announce US Tour with Linkin Park“. theprodigy.com. Архивирано од изворникот на 20 November 2010. Посетено на 2 October 2011.
  32. „The Prodigy re-release The Fat of the Land alongside remix EP“. Архивирано од изворникот на 15 January 2013. Посетено на 24 March 2013.
  33. „The Prodigy reveal that 'violent-sounding' new album will be released this year“. The Prodigy. Посетено на 2 July 2014.
  34. Празен навод (help)
  35. The Day Is My Enemy – Album Announcement“. theprodigy.com. Архивирано од изворникот на 9 February 2015. Посетено на 6 January 2015.
  36. McQuaid, Ian (17 January 2015). „The Prodigy: 'we should be as important as Oasis or Blur'. theguardian.com. Архивирано од изворникот на 3 May 2021. Посетено на 16 December 2016.
  37. „The Prodigy announce UK and Europe tour with Public Enemy support“. Never Enough Notes. 26 May 2015. Архивирано од изворникот на 26 May 2015. Посетено на 26 May 2015.
  38. Tim Ingham, "THE PRODIGY SIGN WORLDWIDE DEAL WITH BMG FOR NEW ALBUM IN 2018" Архивирано на 8 јуни 2019 г., Music Business Worldwide, 19 September 2017.
  39. „The Prodigy's Keith Flint dies aged 49“. BBC News. 4 March 2019. Архивирано од изворникот на 23 April 2020. Посетено на 4 March 2019.
  40. Shepherd, Jack (4 March 2019). „Keith Flint death: Prodigy front man dies aged 49“. The Independent. Архивирано од изворникот на 4 March 2019. Посетено на 4 March 2019.
  41. brownypaul (4 March 2019). „BREAKING: The Prodigy's Keith Flint has died, age 49“. Wall Of Sound (англиски). Архивирано од изворникот на 6 March 2019. Посетено на 4 March 2019.
  42. „The Prodigy official“. Instagram. Архивирано од изворникот на 2023-04-03. Посетено на 23 August 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  43. „The Prodigy official on Instagram: "happy holidays peoples across the world, see you in 2021, stay safe, Respects The Prodigy x #weliveforever #thereturn2021". Instagram (англиски). Архивирано од изворникот на 3 May 2021. Посетено на 2020-12-29.
  44. „The Prodigy working on new album to honour Keith Flint's memory“. NME | Music, Film, TV, Gaming & Pop Culture News (англиски). 2020-05-12. Архивирано од изворникот на 23 January 2021. Посетено на 2020-12-29.
  45. „The Prodigy working on their first-ever music documentary“. NME | Music, Film, TV, Gaming & Pop Culture News (англиски). 2021-02-10. Архивирано од изворникот на 10 February 2021. Посетено на 2021-02-11..
  46. 46,0 46,1 „Big Beat“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 4 December 2011. Посетено на 30 September 2011.
  47. 47,0 47,1 Himmer, Alastair (18 August 2015). „Smack my DJ up! Techno 'treasures' Prodigy get nasty“. The Japan Times. Архивирано од изворникот на 20 August 2015. Посетено на 15 May 2017.
  48. Herzogenrath, Bernd (2000). „Stop Making Sense: Fuck 'em and Their Law“. Postmodern Culture. Архивирано од изворникот на 30 April 2017. Посетено на 15 May 2017.
  49. McComber, Martin J. (15 January 1993). „Prodigy's Liam Howlett: Battling With Success : Pop music: As techno music catches the ear of the mainstream, the songwriter struggles to hang on to the genre's longtime faithful“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на 3 May 2021. Посетено на 15 May 2017.
  50. Harrington, Richard (24 August 1997). „A Spark in Electronica? The Alternative Dance Genre Isn't Saving the Music Industry—Yet“. The Washington Post. стр. G5.
  51. Roach, Martin (2010). The Prodigy: The Official Story. Music Press Books. ISBN 9781906191016.
  52. „The Prodigy Announce First Live Shows Since Keith Flint's Death“. Loudwire. 7 March 2022.
  53. 53,0 53,1 „The Prodigy sets Baltics on fire“.
  54. „Beastie Boys, Prodigy to Rock U.K. Reading Festival“. MTV. Архивирано од изворникот на 2020-10-30. Посетено на 2023-10-18.
  55. Harrison, Andrew (21 May 2011). „The Prodigy didn't kill rave, they reanimated rock'n'roll“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 11 April 2017. Посетено на 15 May 2017.
  56. Borthwick, Stuart (2002) [1999]. „Rave culture“. Во Childs, Peter; Storry, Mike (уред.). Encyclopedia of Contemporary British Culture. London and New York: Routledge. стр. 449. ISBN 9781138006997.
  57. „The Prodigy keep the fire burning“.
  58. Muggs, Joe (13 June 2014). „20 Years On, The Prodigy's 'Music for the Jilted Generation' Is a Relevant Explosion of Madness“. Vice. Архивирано од изворникот на 21 October 2015. Посетено на 15 May 2017.
  59. Aaron, Charles (17 February 2009). „The Prodigy, 'Invaders Must Die' (Cooking Vinyl)“. Spin. Архивирано од изворникот на 19 February 2009. Посетено на 7 July 2022.
  60. Kirka, Danica (4 March 2019). „Keith Flint, singer of electronic band The Prodigy, dies at 49“. PBS. Посетено на 23 April 2022. Keith Flint of British rock band "The Prodigy" performs on stage during a concert in Vienna, in 1997. The Prodigy performed in front of some 15,000 spectators during the "Sundance '97" open-air festival.

Книги

  • James, Martin (2002). The "Prodigy" (Paperback. изд.). Sanctuary Publishing Ltd. ISBN 978-1-860-74356-6.
  • Roach, Martin (2010). The Prodigy: The Official Story – Electronic Punks. John Blake Publishing. ISBN 978-1-784-18964-8.

Надворешни врски

уреди