Прогестоген
Прогестогените (исто така понекогаш нарекувани прогестагени или гестагени)[1] се класа на стероидни хормони кои се врзуваат за и ги активираат прогестеронските рецептори (PR).[2][3] Најзначаен прогестоген во организмот е прогестеронот (P4). Други ендогени прогестогени се 17α-хидроксипрогестерон, 20α-дихидропрогестерон, 5α-дихидропрогестерон, 11-деоксикортикостерон, и 5α-дихидродеоксикортикостерон. Синтетските прогестогени воглавно се нарекуваат прогестини.[2]
Прогестогените се едни од петте главни класи на стероидни хормони, заедно со андрогените, естрогените, гликокортикоидите, и минералокортикоидите, како и невростероидите. Сите прогестогени се одликуваат со нивниот основен 21-член јаглероден скелет, наречен прегнански скелет (C21). На сличен начин, естрогените поседуваат естрански скелет (C18), и андрогените, андрански скелет (C19).
Прогестогените, името го добиле по нивната функција во одржување на бременоста, иако тие се присутни и во други фази на естралниот и менструалниот циклус.[2][3]
Наводи
уреди- ↑ Tekoa L. King; Mary C. Brucker (25 October 2010). Pharmacology for Women's Health. Jones & Bartlett Publishers. стр. 373. ISBN 978-1-4496-5800-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Michelle A. Clark; Richard A. Harvey; Richard Finkel; Jose A. Rey; Karen Whalen (15 December 2011). Pharmacology. Lippincott Williams & Wilkins. стр. 322. ISBN 978-1-4511-1314-3.
- ↑ 3,0 3,1 Bhattacharya (1 January 2003). Pharmacology, 2/e. Elsevier India. стр. 378. ISBN 978-81-8147-009-6.