Проблем на разграничување

Проблем на разграничување или проблем на демаркација — проблемот на барање на критериуми според кои би било можно да се одделат теориите што се јавуваат како научни од гледна точка на емпириската наука, од ненаучните претпоставки и тврдења, метафизиката и формалните науки (логика, математика). Проблемот на разграничување е исто така и проблем на определувањето на границите на науката што ја одделуваат од другите сфери со кои човекот може да ги искажува своите мисли, чувства и убедувања (уметност, литература и религија).

Границите на науката честопати се условни, историски променливи и тешко се определуваат по аналитички пат.[1][2][3] Дури и по стовековниот дијалог меѓу филозофите на науката и научници од различни области, и покрај неколкуте основни согласности за научната методологија, постојат низа на современи филозофи и историчари на науката кои ја означиле оваа идеја за разграничување како псевдопроблем.[4][5][6] Во денешно време во филозофијата на науката постои многу поголема согласност за одделни критериуми отколку за општиот критериум за разграничување меѓу наука и ненаука.[2]

Кратка историја на проблемот

уреди

Проблемот на разграничување е еден од стожерните проблеми во филозофијата на науката и првите одлуки за него се јавиле заедно со првата целосна теорија на филозофијата на науката - неопозитивизмот - која постои и денес.

  • Сличен проблем нагласил Авероес, со кој ја изразува двојноста на вистината: постои вистина на религијата и постои вистина на разумот (науката).
  • Значењето на овој проблем се засилило во текот на научната револуција на 17 век - науката се потпира на искуството и расудувањето, а религијата на верата и авторитетот.
  • Позитивизмот ги утврдува следните критериуми на науката: релативизам (науката поставува хипотези, а не претендира на апсолутната вистина), емпиризам (научните теории се потпираат на искуството), прагматизам (научното знаење е корисно).
  • Карл Попер го поставил концептот на фалсификабилност - научниците се должни да допуштат отфрлање на нивните теории врз основа на искуствени факти.

Наводи

уреди
  1. Gauch H. G., Jr. Scientific Method in Practice.— Cambridge University Press, 2003. ISBN 0-521-01708-4, 435 p.
  2. 2,0 2,1 Hansson S. O. Science and Pseudo-Science // Stanford Encyclopedia of Philosophy, 2008
  3. Никифоров А. Л. Философия науки: история и методология. М., 1998. Глава 1.5. «Критерии демаркации» Архивирано на 3 октомври 2008 г.
  4. Boyer P. S. «Pseudoscience and Quackery» // The Oxford Companion to United States History. Oxford University Press, USA, 2001. ISBN 978-0-19-508209-8

    «..many late‐twentieth‐century scholars dismissed demarcating between science and pseudoscience as „a pseudo‐problem“».

  5. Laudan, L. (1983), Cohen, R.S.; Laudan, L. (уред.), Physics, Philosophy and Psychoanalysis: Essays in Honor of Adolf Grünbaum, The Demise of the Demarcation Problem, Boston Studies in the Philosophy of Science, 76, Dordrecht: D. Reidel, стр. 111–127, ISBN 90-277-1533-5
  6. Sorensen R. A. Pseudo-problems: how analytic philosophy gets done. Routledge, 1993. p.40