Причестување на апостолите (икона)

Иконата Причестување на апостолите, според стилските особености, веројатно настанала кон крајот на XI или почетокот на XII век.[1] Насликана е со темпера - гипсен грунд на платно. Основна подлога е штица, а димензиите и се 33,5 x 34 cm. Иконата припаѓала на црквата Богородица Перивлептос (Св. Климент), Охрид. Денеска се наоѓа во Галеријата на икони, Охрид.

Причестувањето на Апостолите
Причестувањето на Апостолите - детал

Состојба

уреди

Дрвената подлога е подјадена од црвоточина. Сите четири агли се повеќе или помалку оштетени поради трошноста на штицата. На повеќе места, посебно во долниот дел од иконата, отпаднал гипсениот грунд заедно со боениот слој. Поради лупење на боениот слој, дошло до повеќе оштетувања на лицата и облеката на насликаните апостоли и Христос. Сигнатурата е исто така оштетена.

Иконографија

уреди

Причестувањето на апостолите, т.е. причестувањето воопшто во суштина го претставува Новиот завет, односно востановувањето на Евхаристијата на последната Пасха која Исус ја јадеше со своите ученици во Ерусалим, пред да биде предаден и распнат (Mатеј 26:26–29)[2]. Под балдахинот на Чесната Трпеза, како и обично, двапати е претставен Исус Христос: на левата страна ги причестува апостолите со леб, а на десната ги причестува со вино[3]. На чело со левата поворка апостоли стои св. Петар, додека десната поворка ја предводи св. Павле. Ангелите, кои во оваа сцена се претставуваат како ѓакони, недостасуваат, веројатно заради немање доволно место. Бидејќи Причестувањето на Апостолите вообичаено се јавува во олтарната апсида или источниот ѕид на храмовите, доколку тоа го дозволува просторот, самото тоа што станува збор за икона всушност претставува една ретка средба со оваа тема на примерок од штафелајното сликарство[4].

Конзервација

уреди

Чистена и конзервирана во лабораторијата на Републичкиот завод за заштита на спомениците nа културата - Скопје.

Наводи

уреди
  1. Георгиевски, Милчо (1999). Галерија на Икони - Охрид. Охрид: Завод за Заштита на Спомениците на Културата и Народен Музеј - Охрид. стр. 22. ISBN 9989-9993-I-7 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  2. Каравидопулос, Јоанис (2005). Увод у Нови Завет. Белград: Истина. стр. 5. ISBN 86-82555-10-7.
  3. Walter, Christopher (1982). Art and Ritual of the Byzantine Church. London: Variorum Publications. стр. 215. ISBN 0860781046.
  4. Балабанов, Коста (22 јули 2018). „Икони од Македонија“. Сорос. Архивирано од изворникот на 2007-09-27.

Надворешни врски

уреди