Природен парк Синтра-Каскаис
Природниот парк Синтра-Каскаис ― парк на португалското крајбрежје, еден од 13-те природни паркови на Португалија. Иако бил основан во 1994 година како природен парк од португалската власт, тој е заштитен од 1981 година. Неговата површина е приближно 145 км2. Паркот го опфаќа планинскиот венец Сера де Синтра, но се протега сè до крајбрежјето и Кабо да Рока, најзападната точка на континентална Европа. Го содржи замокот на Маврите. Се наоѓа на растојание од 25 км од Лисабон, природниот парк Синтра-Каскаис е популарна област за туризам, со многу различни индивидуални историски и природни места и знаменитости. Синтра и Каскаис се градови и општини на лисабонскиот/есторилскиот брег.
Знаменитости во рамките на паркот
уреди- Анта де Адренунес
- Азењас до Мар
- Кабо да Рока
- Замокот на Маврите
- Шале и градина на грофицата од Едла
- Манастир на капучите
- Кресмина
- Синтарска палата
- Пенски дворец
- Праја до Гвинчо (Гвинчова плажа)
- Монсератски дворец
- Регалеирски дворец
- Рибафриски дворец
- Рамалхалски дворец
- Пенињско светилиште
- Палатата Сетеаис
Фото галерија
уреди-
Знак по влегувањето во паркот, во близина на Каскаис.
-
Гинчо, добро позната плажа во близина на Каскаис, со Кабо да Рока виден од далечина.
-
Кабо да Рока, во близина на Синтра.
-
Пенскиот дворец, стои на рид над Синтра.
Надворешни врски
уреди- Службена страница на (португалскиот) Институт за зачувување на природата (португалски јазик)