Принцевски Острови
Принцевски Острови, Мраморно Море | |
Информации | |
Покраина | Истанбул |
Ареа | 10 км2 |
Population | околу 15 000 |
Густина | |
Села | 0 |
Лиценца | |
Градоначалник |
Принцевски Острови (грчки Πριγκηπονήσια, турски Kızıl Adalar) — архипелаг од девет острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно Море и јужно од Картала и Пендик. Островите се наоѓаат од 19 километри (Проти) и 29 километри (Неандрос) југоисточно од Истанбул, Турција[1]. Опфаќаат површина од 10 км2, со највисока точка од 201 метар. На островите живеат околу 15 000 луѓе, но во текот на летните месеци, овој број е многу поголем.
Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради сталните бродови кои минуваат покрај секој остров. На островите е забрането употреба на моторни возила, а како основен вид на превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица.
Овие острови биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Овде биле праќани во егзил најчесто претендентите за престолот во Византија. Денеска, овие острови се една од најголоемите туристички атракции во земјата.
Галерија
уреди-
Островот Проти -
Улица во Бијукада
Наводи
уредиЛитература
уреди- „Baedeker`s Turkish Coast“, Stuttgart 1987.
Надворешни врски
уреди„Принцевски Острови“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место (турски)
- Официјално мрежно место на општината (турски)
- Водич Архивирано на 14 март 2013 г.
- Фотографии Архивирано на 4 март 2012 г.
- Istanbul's isle of diversity from the Christian Science Monitor, By Yigal Schleifer, July 28, 2005
- The islands that refused to motorize Архивирано на 11 август 2003 г. Sustainable Transport, an ITDP publication, By Yaakov Garb, Fall 2002
- Interactive Maps: MultiMap.com, FallingRain.com
- Istanbul islands Turkish Daily News Архивирано на 1 јуни 2007 г.
- Cornucopia special edition on the Princes' Islands, Princes' Islands: Paradise Lost? Архивирано на 18 јули 2011 г.