Претседателски избори во Русија се одржале на 4 март 2012 година[1]. На изборите имало официјално пет пријавени кандидати од кои четири биле претставници од регистрирани партии а еден бил независен кандидат. На овие избори како новина било продолжувањето на мандатот на претседателот, односно на шест години.
Претседателски избори во Русија (2012)
|
2008 ←
|
4 март 2012
|
→ 2018
|
|
|
|
Владимир Путин издвоил победа во сите изборни единици (сина боја)
|
|
Единствена Русија на конгресот во Москва на 24 септември 2011 година, рускиот претседател Дмитриј Медведев го предложил неговиот претходник, Владимир Путин да застане на претседателската функција во 2012 година. Понудата била прифатена од страна на Путин. Путин веднаш му понудил на Медведев да застане на чело на Обединета Русија по кое Медведев станал премиер[2].
Рускиот премиер Владимир Путин добил 63,64% од гласовите[3][4]. Со овие избори, Путин обезбедил рекорден трет мандат во Кремљ[5].