Преспанско мало грунче
Преспанското мало грунче ( Pelasgus prespensis ) е вид риба од семејството Ципринидиаи. Го има во Преспанското Езеро, кое лежи на југот на Балканот, на границите помеѓу Албанија, Грција и Северна Македонија. Неговото природно живеалиште е слатководни езера.[2] Загрозена е поради загуба на живеалиштата.[1]
Prespa minnow | |
---|---|
Scientific classification | |
Domain: | Eukaryota |
Kingdom: | Animalia |
Phylum: | Chordata |
Class: | Actinopterygii |
Order: | Cypriniformes |
Superfamily: | Cyprinoidea |
Family: | Cyprinidae |
Genus: | Pelasgus |
Species: | P. prespensis
|
Binomial name | |
Pelasgus prespensis (S. L. Karaman, 1924)
| |
Synonyms | |
|
Опис и распространетост
уредиПреспанското мало грунче е најмалиот претставник на автохтоната рибна популација во Преспанско Езеро. Телото му е издолжено, долго 5-7 см. Устата е мала, поставена косо речиси под агол од 45 степени. Долната вилица е подолга од горната и е исфрлена нанапред. Има голем број на многу ситни лушпи (околу 0,5мм). Телото на горната страна е темно обоено, додека стомачната е посветла. Преспанското мало грунче е ендемичен вид и го населува само Преспанското Езеро и притоките.[3]
Основни биолошки одлики
уредиЕкологијата на овој вид не е доволно проучена. Се мрести во пролетно летниот период од месец мај до месец јуни.[3]
Значење
уредиПреспанското мало грунче нема стопанско значење нити за стопански ниту за рекреативен риболов. Има големо значење и тоа во областа на еволуцијата и зоогеографијата на рибите на Балканскиот Полуостров.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Crivelli, A.J. (2006). "Pelasgus prespensis". The IUCN Red List of Threatened Species: e.T61259A12455146. doi:10.2305/IUCN.UK.2006.RLTS.T61259A12455146.en.
- ↑ Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2011). "Pelasgus prespensis" — FishBase. August 2011 г.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 г.