Пресидио – патна станица од римско време, забележена на Табула Појтингеријана (Ⅲ–Ⅳ в.). Се наоѓала на делницата од римскиот пат помеѓу Скупи и Стоби, на Ⅸ р.м. од станицата Кефалон. Се лоцира кај селиштето Веноле, јужно од утоката на реката Бабуна во реката Вардар. На наоѓалиштето се забележуваат остатоци од керамика[1].

Литература

уреди
  • Т. Томоски, Прилог за реконструкцијата на Табула Пеутингериана на делницата Сцупи–Стоби, Македонија низ вековите, Скопје, 1999

Наводи

уреди