Првут
Првутот е кожна состојба која главно го зафаќа скалпот.[1] Симптомите вклучуваат лупење и понекогаш благо чешање.[1][2] Тоа може да резултира со социјални проблеми и проблеми со самодовербата.[3] Потешка форма на првут, која вклучува воспаление на кожата е позната како себореичен дерматит.[1]
Причинната за појава на првутот е нејасна, но се смета дека вклучува голем број генетски и фактори од средината;[1] состојбата може да се влоши во зима.[4] Појавата не се должи на лоша хигиена,[5][6] а основниот механизам вклучува прекумерен раст на кожни клетки.[4] Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите.[7]
Не постои познат лек за првут.[8] Противгабичен крем, како кетоконазол, или кератолитички агенс, како салицилна киселина може да се користат за да се подобри состојбата.[1][2] Првутот погодува околу половина од возрасните, при што мажите се почесто зафатени од жените.[1] Се јавува кај луѓето од сите делови на светот.[1] Првично се јавува во пубертетот, а поретко над 50 години.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Tucker D, Masood S (August 2021). „Seborrheic Dermatitis“. StatPearls [Internet]. Treasure Island (FL): StatPearls Publishing. PMID 31869171.
- ↑ 2,0 2,1 „Dandruff“. nhs.uk (англиски). 18 October 2017. Посетено на 1 January 2020.
- ↑ Grimalt R (December 2007). „A practical guide to scalp disorders“. The Journal of Investigative Dermatology. Symposium Proceedings. 12 (2): 10–14. doi:10.1038/sj.jidsymp.5650048. PMID 18004290.
- ↑ 4,0 4,1 Ranganathan S, Mukhopadhyay T (2010). „Dandruff: the most commercially exploited skin disease“. Indian Journal of Dermatology. 55 (2): 130–134. doi:10.4103/0019-5154.62734. PMC 2887514. PMID 20606879.
- ↑ Dandruff. National Health Service
- ↑ „Dandruff: How to treat“. American Academy of Dermatology. Архивирано од изворникот March 29, 2023. Посетено на 20 October 2017.
- ↑ „Patient education: Seborrheic dermatitis (including dandruff and cradle cap) (Beyond the Basics)“. www.uptodate.com. Посетено на 1 January 2020.
- ↑ Turkington C, Dover JS (2007). The Encyclopedia of Skin and Skin Disorders (Third. изд.). Facts On File, Inc. стр. 100. ISBN 978-0-8160-6403-8. Архивирано од изворникот 19 May 2016.