Прашко метро
Прашко метро (чешки: Pražské metro) — брза сообраќајна мрежа во Прага. Основано во 1974 година,[3] прашкото метро се состои од три линии (А, Б и Ц), со 61 станица (претежно со островска платформа) и транзитна мрежа долга 65.2 километри.[1] Прашкиот метро систем во 2012 година опслужил 589.2 милиони патници (околу 1,6 милиони дневно),[2] што го прави петтиот најпрометен метро систем во Европа.[5]
Прашко метро | |||
---|---|---|---|
| |||
Општо | |||
Место | Прага, Чешка | ||
Тип на превоз | Брз транспорт | ||
Бр. на линии | 3[1] (+1 одобрена) | ||
Бр. на станици | 61[1] | ||
Патници годишно | 589.2 милиони(2012)[2] | ||
Мреж. место | Сообраќајно претпријатие на Прага | ||
Сообраќање | |||
Почнал | 9 мај 1974 (линија Ц) 12 август 1978 (line A) | ||
Превозник | 'Сообраќајно претпријатие на Прага' | ||
Бр. на возила | 730[4] | ||
Долж. на возот | 96.6 м (317 ст) | ||
Технички податоци | |||
Долж. на системот | 65.2 kм (40.5 ми)[1] | ||
Напојување | 750 V DC third rail | ||
Просеч. брзина | 36 километри на час | ||
Макс. брзина | 80 километри на час | ||
|
Прашкото метро се состои од два типа на метро возови: 81-71M (комплетно модернизирана варијанта на оригиналот 81-71) и Метро М1. Сите линии се автоматски контролирани од централниот диспечерски центар, во близина на станицата „Павлова“.[6]
Основни информации
уредиМетрото се состои од три линии, од кои секоја е претставена со своја боја на мапи и знаци: Линија А (зелена, 17 станици, 17 км), линија Б (жолта, 24 станици, 26 км) и линија Ц (црвена, 20 станици, 22 км). Вкупно има 61 станици (три од нив се трансфер станици) поврзани со речиси 66 километри главно подземни железници. Метро услугата работи од 4-5 часот па сè до полноќ, со околу 110 до 200 секунди интервали меѓу возовите и 4-10 минути после главните работни часови.[7] Речиси 600 милиони патници го користат прашкото метро секоја година (околу 1,6 милиони дневно).
Метрото е управувано од страна на Јавното сообраќајно претпријатие АД (чешка: Dopravní podnik hlavního města Prahy as), кој управува со сите средства за јавен превоз низ градот (метро, трамваи , автобуси , пет фериботи, жичарница до Петрин и седиштето на зоолошката градина во Прага).
Многу од станиците на метрото се доста големи, со неколку влезови распоредени релативно далеку едни од други. Ова често може да доведе до забуна кај оние кои не се запознаени со системот. Генерално, станиците се добро обележани дури и за оние кои немаат познавања од чешкиот јазик . Прашкото метро се смета за многу безбедно.[8]
Системски распоред и станици
уредиПрашкото метро е во форма на триаголник, со сите три линии кои се среќаваат во центарот на градот на три главни станици. Секоја главна станица за поврзување на патниците има две сали, по една сала за секоја линија. Длабочината на станиците (и поврзувачките линии) значително варира. Најдлабоката станица е Náměstí Míru, која се наоѓа 52 метри под земја.
Повеќето станици обично имаат островска платформа во центарот на салата на станицата (тунел) која ги опслужува двете насоки. Ѕидовите на многу станици се украсени со обоени алуминиумски панели; секоја станица има своја боја. Некои од станици во метрото се сметаат за меѓу најдобрите во Европа.[9]
Линија | Боја | Отворено | Година на последно проширување | Насока | Должина | Станици |
---|---|---|---|---|---|---|
Линија А | зелена | 1978 [3] | 2015 [10] | Немоцнице Мотол ↔ Депо Хостиварж[10] | 17.1 км [10] | 17 [10] |
Линија Б | жолта | 1985 [3] | 1998 | Зличин ↔ Черни Мост | 25.6 км [11] | 24 |
Линија Ц | црвена | 1974 [3] | 2008 | Летњани ↔ Хаје | 22.4 км [11] | 20 |
ВКУПНО | 65.2 км [1] | 61 [1] |
Возила за возење
уредиМетро М1
уредиМетро М1 сообраќа на линија Ц од 2000 година; целосно ги замени постарите автомобили на оваа линија во 2003 година. Прашката транспортна компанија поседува 53 единици од овој тип возови. Возовите се направени во Прага во периодот од 2000 до 2003 година. Должината на возот е 96,66 метри, забрзувањето е 1,3 м / с, а капацитетот е 1.464 луѓе (224 седишта, 1.240 стоечки).[12]
81-71M
уреди81-71M е модернизирана варијанта на старите советски 81-71 возови со нов мотор, техничка опрема, ентериер и екстериер. Сообраќа на линиите А и Б од 1996 година. Модернизацијата ја спроведе Шкода Транспорт и ЧКД помеѓу 1996 и 2011 година. Прашката транспортна компанија поседува 93 единици на 81-71M. Должината на возот е 96,11 метри, забрзувањето е идентично со Метро М1, 1,3 м/с. Слични прилагодувања биле направени и во метрото во Тбилиси и во метротото во Ереван , како и приближно идентична верзија извезена во Киев.
Историја
уредиИако метро системот во Прага е релативно нов, идејата за подземен транспорт во Прага датира многу години уназад. Првичните предлози за изградба на подземна железница биле направени од Ладислав Рот во 1797 година. Друг предлог датира од 1926, од Бохумил Белада и Владимир Лист.
Проширување
уредиИдни планови
уредиДруга фаза од проширувањето на линија А била планирана од станицата Nemocnice Motol до аеродромот Вацлав Хавел, но многу е веројатно дека ова проширување нема да се гради и аеродромот ќе биде поврзан со друга железничка станица.[13]
Линија Д
уредиСе планира да се воведе и нова линија, линија Д (сина линија), која ќе го поврзува центарот на градот со јужните делови на градот. Според сегашните планови, линијата ќе сообраќа од центарот на градот и ќе продолжи сè до Вршовице, Крч, Либуш и Писнице. Ќе има 10 станици: Náměstí Míru (трансфер на линија A), Náměstí bratří Synků, Pankrác (пренос на линија C), Олбрахтова, Nádraží Krč, Nemocnice Krč, Нове Двори, Либуш, Піснице и Депо Писнице. Линијата Д е многу важна за подобрување на сообраќајната состојба во јужниот и југоисточниот дел на градот. Во втората фаза се планира да се прошири оваа линија од Pankrác до Náměstí Míru. Првиот дел од линијата Д е планиран да се гради помеѓу 2019 и 2023 година.[14][15]
Исто така, постојат планови да се воведе и линија Е, која ќе служи за кружно циркулирање низ градот. Точната рута сè уште не е утврдена.
Билети
уредиОсновните карти чинат 32 CZK (од 5 февруари 2019) за 90-минутно возење или 24 CZK за 30-минутно возење. Во ноември 2007 година била воведена услугата за купување на карти преку СМС-порака за единечни возења и картички со целодневн.[16]
Краткотрајните туристички карти се достапни за периоди од 24 часа (110 ЧК) и 3 дена (310 ЧК).
Надворешни врски
уреди- Сообраќајно претпријатие на Прага - официјално мрежно место, каде се вклучени мапи, информации за возење
- Ценовник на петрпијатието (англиски)
- www.metroweb.cz - страници на чешки метрофили со многу информации и слики (на чешки јазик, со некои информации достапни на англиски јазик)
- Поплави во Прага Метро 2002 - фотогалерија
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Company Profile - Dopravní podnik hlavnívo města Prahy“. Dopravní podnik hlavnívo města Prahy. Посетено на 2015-07-03.
- ↑ 2,0 2,1 „Annual Report 2012“ (PDF). DPP.cz. Dopravní podnik hlavnívo města Prahy. 2012. стр. 66. Архивирано од изворникот (pdf) на 2013-09-21. Посетено на 2013-09-20.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „History - Dopravní podnik hlavnívo města Prahy“. Dopravní podnik hlavnívo města Prahy. Посетено на 2013-09-11.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеdata
. - ↑ http://www.lidovky.cz/nejvytizenejsi-stanici-je-ip-pavlova-d88-/zpravy-domov.aspx?c=A081212_164914_ln_praha_hel
- ↑ http://technet.idnes.cz/podivejte-se-jak-se-ridi-provoz-prazskeho-metra-f5u-/tec_reportaze.aspx?c=A070905_182049_software_rja
- ↑ „Městská hromadná doprava v Praze“. Архивирано од изворникот на 2017-08-01. Посетено на 2019-05-11.
- ↑ http://zpravy.aktualne.cz/domaci/prazske-metro-je-na-tom-dobre-lepe-nez-to-v-moskve/r~02d93af00da111e4a54c0025900fea04/
- ↑ http://cestovani.idnes.cz/nejkrasnejsi-stanice-metra-na-svete-db5-/kolem-sveta.aspx?c=A140207_141104_kolem-sveta_skr
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 Tomáš Rejdal. „Linka A“. metroweb.cz (чешки). Посетено на 2015-04-06.
- ↑ 11,0 11,1 „Metro“. Praha.eu. Архивирано од изворникот на 1 February 2014. Посетено на 2014-01-18.
- ↑ http://metroweb.cz/metro/M1/M1.htm
- ↑ http://zpravy.e15.cz/domaci/politika/krnacova-praha-neuvazuje-o-prodlouzeni-metra-a-na-letiste-1166243
- ↑ http://praha.idnes.cz/vystavba-metra-d-vyjde-na-45-miliard-korun-fpc-/praha-zpravy.aspx?c=A150325_162011_praha-zpravy_bur
- ↑ „Přestup na Pankráci s novou tváří. Za pár měsíců se může stanice úplně změnit | Doprava“. Lidovky.cz. 13 June 2017.
- ↑ „Novelty on Prague transport system: tickets by SMS“. Radio Prague. 22 November 2007. Посетено на 2014-01-07.