Правописник или проверувач на правописот – дел од програм или програм, кој проверува дали зборовите во текстот се напишани правилно. Правописниците најчесто се вградени во текстуалните обработувачи.

Работа

уреди

Правописникот типично работи така што влезниот текст го разложува на зборови и потоа ги бара во речник кој содржи список на правилни зборови за дадениот јазик. Доколку некој збор не го најде во речникот, пребарува и слични зборови во речникот или променети букви во зборот на начин кој ги зема предвид типичните грешки или сличноста на зборовите.

Проверката се врши при самото чукање на текстот или на барање.

Речникот на познати зборови не може да ги покрие сите зборови, бидејќи од една страна во јазикот постојано се развиваат нови зборови, а од друга страна има многу лични имиња кои доаѓаат од други јазици што би било премногу за нешто такво. Прекумерното зголемување на речникот всушност може да го намали квалитетот на проверка на правописот, бидејќи може да почне да се случува да почестите зборови да ги прекриваат поретките зборови. Затоа правописникот вообичаено нуди можност корисникот да може да додава зборови во речникот од свои специфичности кои вградениот речник не ги познава.

Наместо речник правописникот може да користи статистички методи (проверува кои комбинации на зборови се доволно верни во некој јазик). На овој начин може да се покријат новонастанатите зборови, но може одредени зборови да се прогласат за правилни бидејќи „звучат“ доволно правилно.

Историја

уреди

Англиски правописници

уреди

Првите правописници биле на големите сметачи во седумдесеттите години на минатиот век. За малите сметачи најпрво се појавиле за системот CP/M во 1980, а од 1981 година и на личните сметачи. Тие први правописници биле самостојни програми, многу од нив работеле во позадина на програми за текстуално уредување, така што се активирале со некоја комбинација на копчиња и потоа ги пребарувале зборовите кои биле напишани на екранот.

Ги имало стотици, па производителите на програми за текстуално уредување почнале да ги вградуваат правописниците во нивните програми за уредување на текст. Потоа правописниците се шират и во други програми како што се пребарувачите и прелистувачите.

Македонски правописници

уреди

Програмот за обработка на текст Микрософт ворд има можност за вградување на правописник на македонски јазик.

Дигиталниот речник на македонскиот јазик има опција за проверка на правописот на текст кој ќе се внесе во даденото поле[1].

Наводи

уреди
  1. Проверка на правопис Архивирано на 15 јануари 2013 г. на семрежната страница на ДРМЈ