Права на природата

Права на природата е правна и јуриспрудендална теорија која ги опишува инхерентните права поврзани со екосистемите и видовите слично на концептот на основните човекови права. Концептот за правата на природата ги оспорува законите од дваесеттиот век како генерално втемелени на погрешната концепција на природата како „ресурс“, нешто што треба да биде поседувано, искористено и деградирано. Застапниците тврдат дека законите втемелени во правата на природата го насочуваат човештвото да дејствува соодветно и на начин во согласност со модерната, системски-базирана наука, што покажува дека луѓето и природниот свет се темелно меѓусебно поврзани.

Основни принципи

уреди
 
Томас Бери - американски историчар на културата во САД, кој го вовел правниот концепт на Земјинско право кој предлага законите на општеството да произлегуваат од законите на природата, објаснувајќи дека „универзумот е заедница на субјектите, а не збирка на предмети"[1][2][3]

Застапниците на правата на природата тврдат дека, како што човековите права сè повеќе се признаваат во законот, така и правата на природата треба да бидат признати и вметнати во човечката етика и закони.[4] Ова тврдење е поткрепено со две размислувања: дека истата етика што ги оправдува човековите права, исто така ги оправдува правата на природата и дека сопственото преживување на луѓето зависи од здравите екосистеми.[5][6][7]

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Berry 2006.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Bell 2003.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Burdon 2012.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Cullinan 2011.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Berry 1999.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Stone 1996.
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Nash 1989.