Поштенски преградок

(Пренасочено од Поштенски фах)

Поштенски преградок или поштенски фах[1][2] — преградок што се наоѓа во поштенска единица, преку кој корисниците примаат и отпремаат поштенски пратки.[3] Поштенскиот преградок има своја поштенска адреса.

Американски поштенски преградок полн со пошта
Поштенски преградоци со различни големини во Германска пошта, со нивниот опсег на броеви и поштенски кодови напишани над нив
Поштенски преградоци во Клаукала, Финска
Надворешен поштенски преградоци (како што се вообичаени во Швајцарија) во Хаслен

Во некои области, особено во Африка, нема испорака на пошта од врата до врата, па изнајмувањето поштенски преградок традиционално е единствениот начин за примање пошта во такви земји.

Општо земено, поштенските преградоци се изнајмуваат од поединци или од деловни субјекти на основа која се движи од месечно до годишно, а цената за изнајмувањето се менува во зависност од големината на преградокот. Поштенските преградоци во деловните области обично се поскапи од поштенските преградоци во селските средини.

Монтирање на преградоците

уреди

Поштенските преградоци обично се монтираат во ѕид од поштенската градба, надворешен ѕид или ѕид во фоаје, така што вработените од внатрешната страна може да оставаат пратки во преградокот, додека изнајмувачот во фоајето или од надворешната страна на зградата може да го отвори својот преградок за да ја земе пратката.

Работно време

уреди

Доколку преградоците се монтирани на надворешен ѕид, тие се достапни за подигање на пратките во текот на целиот ден. Доколку се наоѓаат во внатрешноста на поштенското претпријатие, тие се достапни во работното време на претпријатието.

Пакети

уреди

Ако пратката не ја собира во поштенскиот преградок, вработениот остава извесница со која го известува корисникот да ја земе пратката од шалтер. Извесници се оставаат и за препорачана пошта за која примачот треба да се потпише.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „фах“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „фах“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Речник на поштенски термини кои се користат во Законот за поштенски услуги и актите донесени врз основа на него“ (PDF). Агенција за пошти. Посетено на 25 декември 2024. line feed character во |title= во положба 28 (help)