Пост-рестант
Пост-рестант — писмо или друга поштенска пратка што не се доставува до примачот и стои во пошта сѐ дури примачот лично не ја подигне.[1]
Услугата се користи во ситуации кога корисникот сака пратката да ја подигне во поштата, заобиколувајќи ја испораката до домашната адреса на примачот.
Македонија
уредиВо Македонија, при адресирање на пратката наместо адресата се пишува „Пост-рестант“, под целосното име на примачот прикажано на документот за идентификација. Неопходно е да се користи точниот број на поштата каде што се сака лично да се подигне пратката.
Име и презиме
ПОСТ-РЕСТАНТ
12345 Град
Услугата не е достапна во сите пошти во Македонија, туку само во поголемите. Доколку поштата ја има оваа опција, пратката ќе биде задржана за примачот до 30 дена.
Како пост-рестант не може да се предаде итна пратка[2]
Наводи
уреди- ↑ „пост-рестант“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Живаљевиќ, Весна. Технологија на поштенскиот сообраќај (учебник за II година) (PDF). стр. 28. ISBN 978-608-226-163-8. Укажано повеќе од еден
|pages=
и|page=
(help)