Пост на првородениот
еврејски празник
Пост на првородениот или Пост на првенецот (хебрејски: תענית בכורות, Таанит бекорот or תענית בכורים, Таанит бекорим) — пост во јудаизмот на денот пред Пасха, односно 14 нисан според еврејскиот календар (Пасха секогаш е на 15-ти). Обично завршува по завршувањето на утринската богослужба со, кога почнува празнична веселба. Необично е тоа што постењето се однесува само на оние лица кои се првотодени во семејството (било машки или женски).
Пост на првородениот | |
---|---|
Вилијам Тарнер depiction of the Plague of the Firstborn (The Tenth Plague of Egypt, 1802) | |
Офиц. назив | хебрејски: תענית בכורות (Ta'anit B'chorot) или תענית בכורים (Ta'anit B'chorim). |
Го празнува(ат) | јудаизам и Евреите |
Вид | јудаизам |
Значење | This fast commemorates the salvation of the Israelite firstborns during the Plague of the Firstborn |
Почнува | 14 нисан во мугри (12 нисан кога Пасха почнува во недела) |
Завршува | 14 нисан (или 12 нисан, согласно горенав.) |
Обичаи | пост |
Поврзано | Пасха |
Цел на постот
уредиЦелта на постот е да биде спомен за последната Божја казна врз Египет, кога, според библиската книга според библиската книга Исход, Господ ги убил сите првородени во земјата:[1]
„ | И рече Мојсеј: „Вака вели Господ: ,На полноќ ќе поминам низ Египет, и ќе умре секој првороден во земјата египетска, од првородениот син фараонов, кој треба да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката, која се наоѓа во воденицата, и првородениот добиток. И ќе настане голем пискот по целата египетска земја, каков што досега немало, ниту некогаш ќе го има’“. | “ |
— Исход 11:4-6
|
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Закони и обичаи на Постот на првородениот (англиски)
- Жените и Постот на првородениот Архивирано на 12 мај 2008 г. (англиски)