Постриг (филм)
„Постриг“ или „Потстриг“ (чешки: Postřižiny) — филм на Јиржи Менцел (Jiři Menzel) од 1980 година. Главните улоги ги играат: Магда Васарјова (Magda Vasaryova), Јиржи Шмицер (Jiři Schmitzer), Јаромир Ханзлик (Jaromir Hanzlik) и Рудолф Хрушински (Rudolf Hrušinsky). Филмот е снимен во онаа фаза од творештвото на Менцел кога, под влијание на острата државна репресија, бил принуден да режира филмови чие дејствие се одвива во минатото со теми од секојдневниот, најчесто провинциски, живот. Инаку, филмот е снимен според романот на Бохумил Храбал, кој е автор на сценариото, заедно со Менцел.[1]
Синопсис
уредиУбавицата Марја (ја игра Васарјова) и нејзиниот сопруг (го игра Шмицер), инаку управник на мала, провинциска пиварница, живеат спокоен, речиси пасторален живот во кој внесува немир единствено нивниот роднина (го игра Ханзлик), иако и Марја се одликува со некои повремени хирови. Како последица на тоа, во нивниот сложен брак се појавуваат и краткотрајни проблеми.