„Последниот залез“ (англиски: The Last Sunset) — филм на режисерот Роберт Олдрич (Robert Aldrich) од 1961 година. Филмот е заснован врз романот на Хауард Ригсби (Howard Rigsby), а автор на сценариото е Далтон Трамбо (Dalton Trumbo), кој долго време се наоѓал на холивудскиот „црн список“ поради комунистичките идеи. Главните улоги ги играат: Кирк Даглас (Kirk Douglas), Рок Хадсон (Rock Hudson), Дороти Мелоун (Dorothy Malone), Џозеф Котен (Joseph Cotten) и Керол Линли (Carol Lynley).[1]

Синопсис

уреди

Брендан О’Мали (го игра Даглас) избегал во Мексико откако претходно убил човек. Тој доаѓа во скромниот дом на својата поранешна љубов, Бел Брекенриџ (ја игра Малоун) за да се скрие од шерифот Ден Стриблинг (го игра Хадсон), кој го прогонува. Бел, пак, е омажена за Џон (го игра Котен), алкохоличар со господско однесување, а со нив живее и нивната убава ќерка Мелиса (ја игра Линли). Џон го наговара Брендан да му се придружи на неговото семејство и за голема плата да ги пресели илјадниците говеда во САД. Токму пред поаѓањето, се појавува шерифот Ден, а човекот кој го убил Брендан е мажот на неговата сестра. Бидејќи не смее да го уапси Брендан во Мексико, Ден се согласува да биде гонич на добитокот додека не пристигнат во САД...

Наводи

уреди