Посланието на апостол Павле до Тит — книга од Новиот завет. Тадиционално се смета дека била напишана од Апостол Павле. Посланието било упатено до Апостол Тит. Иако ова послание апостол Павле го адресирал до Тит, според некои истражувачи тоа не е приватна комуникација меѓу учител и ученик туку е официјално послание до црквата во Крит. По формата ова послание е пастирско. Преку него, апостол Павле го поучува Тит во извршување на пастирската грижа што ја има кон црквата во Крит.

ТитУреди

Според Второто послание до Коринтјаните (8:23), Тит бил голем пријател и приврзаник на апостол Павле кој го придружувал апостолот на Ерусалимската средба, кога се дискутирало за ослободување на неевреите христијани од исполнувањето на Мојсеевиот закон (Галатјани 2:1, Дела 15). Тит е опишан на неколкупати во Новиот завет, како човек од доверба, со утеха и грижливо срце.

КритУреди

Островот Крит, претставувал посебна провинција во Римското Царство која броела стотина густо населени гратчиња. Критјаните биле познати по лошата репутација. Поетот Епиманед, кој е цитиран од апостол Павле, ги опишува луѓето од Крит како „лажливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта“ (Тит 1:12). Биле задоени со пагански суеверија и лажни верувања според кои Зевс е роден на некоја од нивните планини. Тоа се луѓето со кои Тит се нафатил да ја гради Христовата црква.

АвторУреди

Голем дел од денешните истражувачи сметаат дека апостол Палве не е автор на ова послание. Според нив, можно би било тоа да биде напишано во периодот од 90 до 140 година од страна на анонимен христијанин кој бил школуван во духот на Павле. Ова посление е многу блиску до Првото послание до Тимотеј, главно поради стилот на пишување.

ЦитатиУреди

опоменувај ги младите да бидат здраворазумни, давајќи се во сè себеси како пример за добри дела, во науката - нерасипаност, достоинство, здраво и беспрекорно слово, за да се засрами секој противник, немајќи што да каже лошо за нас
Напомнувај им да им се покоруваат на началствата и властите, да бидат послушни, да бидат готови за секое добро дело; никого да не хулат, да не се препираат, да бидат благородни, покажувајќи секаква кротост кон сите луѓе