Послание до Филимон

Послание на апостол Павле до Филимон — книга од Новиот завет. Тадиционално се смета дека била напишана од страна на Апостол Павле, како писмо (послание) упатено до христијанскиот деец Апостол Филимон, предводник на црквата во Колоси, и претставувал еден од најзначајните текстови во раното христијанство.

Послание до Филимон
Делчиња од стиховите 13–15 на Папирусот 87, напишан околу 250 г. Ова е најраниот познат текст на посланието.
КнигаПослание до Филимон
КатегоријаПавлови посланија
Во БиблијатаНов завет
Ред. бр. во Библијата18

Посланието било напишено во времето кога апостол Павле бил во затвор во Рим. Според почетните стихови, Павле посланието го упатува кон неговиот соработник Филимон, сестрата Апфија и до другарот Архип.

Цитати Уреди

Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш, сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос, и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои: и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и те­бе, и мене. Ти го праќам назад него – прими го како да е моето срце.

— Флмн 1,8-12[1]

Поврзано Уреди

Наводи Уреди

  1. Филимон 1 — македонска стандардна библија со девтероканонски книги 2006