Улична фотографија

Улична фотографија е тип на документарна фотографија која се одликува со субјекти во рамките на вистинаски ситуации на јавни места како улици, паркови, плажи, трговски центри, политички конвенции и други опкружувања. Уличната фотографија ги користи техниките на директна фотографија преку која се прикажува чиста слика на нештата, да се добие реално чувство како вие да сте биле сведок на настанот во моментот на фотографирање. Уличната фотографија честопати има тенденција да биде иронична и да се оддалечува од нејзината тема, и да се концентрира на единствен човечки момент, фатен во одлучувачки и неснослив момент. Од друга страна пак, многу улични фотографии го заземаат спротивниот пристап и овозможуваат буквална и крајно лична интерпретација на темата, давајќи и на публиката инстинктивно искуство на сфери на животот со кои тие можеби се недоволно запознаени. Во XX век, уличните фотографи обезбедија примерна и детална евиденција на уличната култура во Европа и Северна Америка, и во помала мера од други места. Многу класични творби на улична фотографија беа создадени во периодот од околу 1890-тите до 1975 што се совпаѓа со појавата на преносните камери, особено на малите 35 милиметарски, камерите со далекомер, најпознатите Леика (англиски Leica), кои меѓу другите ги користеше и Анри Картиер-Бресон (Henri Cartier-Bresson).

Пример на улична фотографија - реална фотографија на пар во тек на прошетка во Кенсингтон Маркет во Торонто,Онтарио.
Првата камера од типот Леика на Анри Картиер-Бресон.
Копенгаген 1987 г. Пример на улична фотографија

Техника

уреди

Повеќето видови на преносни камери се користат за уличните фотографии, на пример далекомери, дигителни камери и 35 милиметарска камера со единечна рефлексна леќа (SLR) , компактни камери и камери од мобилни телефони. Најпознатата техника за фокусирање која се користи е зонското фокусирање – поставувајќи фиксен фокус на далечина и сликање од таа далечина - како алтернатива на автоматскиот фокус, особено со користење на широкоаголни леќи со нивната зголемена длабочина на поле. Зонското фокусирање го олеснува „непромисленото“ сликање што значи сликање без да се приближи фото-апаратот до окото. Алтернативно, сензорите за наоѓање на половичната линија дозволува да се создаде фотографија и/или да се подеси фокусот без да се доведе внимание на фотографот.

Поврзано

уреди