На дијаграмот е претставена позиција, која настанува во Одбиен дамин гамбит, а ја анализирал Акиба Рубинштајн, па во негова чест композицијата е позната како „Рубинштајнова стапица.“
Прикажаната позиција натсанува по: 1.Sf3 d5 2.c4 e6 3.d4 Sf6 4.Lg5 Sbd7 5.e3 Le7 6.Sc3 0-0 7.Tc1 c6 8.Lc3 a6 9.cxd5 exd5 10.0-0 Te8 11.Db3 h6 12.Lf4 Sh5? Со последниот потег, црниот го напаѓа белиот ловец на f4, но создава голема слабост со напуштањето на контролата на пунктот d5, што му овозможува на белиот со одлична комбинација да дојде до решавачка предност. Следува 13.Sd5! Ова е потег, со кој белиот ја казнува невнимателноста на црниот, поттикнат од ограничениот простор и збиеноста на црните фигури. Сега, доколку црниот ја прими жртвата, играјќи 13...cxd5, со потегот 14Lc7, белиот би ја освоил противничката дама. Сепак, црниот може да ја намали загубата, доколку не ја прими жртвата и евентуално да одигра 13...Sxf4, но по 14.Sxf4, белиот има јасна предност.