Решение |
---|
| Во оваа позиција, очигледно е дека белиот има голема материјална, но и позицона предност. Црниот крал е во пат позиција, црните пешаци не може да се движат, а црниот топе врзан, па шанса за спас црниот гледа во изнудувањето на пат позиција. Но, од друга страна целта на белиот е да матира во 2 потега.
Се чини дека најпримамлив потег за белиот е потегот 1.Lxc3??, по што настанува пат позиција и црниот добива реми. Но, сега се наметнува прашањето со која фигура белиот да го одигра својот прв потег? Доколку тоа го стори со свокот топ на е1, тогаш црниот би промовирал, играјќи 1...е1D+, и белиот во наредниот потег може само да ја земе црната дама, но не и да матира. На 1.Кd2+, црниот со потегот 1...Sd1!, ја отстранува аканата од маат во еден потег.
Но, белиот не смее да заборави и дека неговиот топ на а4 е нападнат од коњот на с3, па потегот 1.Lb1+ исто така не носи ништо, како и потегот b4 (и во двата случаи црниот би одиграл 1...Sxa4). Јасно е дека првиот потег на белиот мора да биде одигран со топот на а4, но се поставува прашањето на кое поле? Доколку белиот, со својот топ ја напушти а вертикалата, тогш матна за кана во еден потег не постои, а и ловецот на а2 повеќе не претставува закана по црниот крал. Па, со 1...Кха2, мат во следниот потег не може нида се замисли.
Поаѓајќи од ова, белиот топ мора да остане на а вертикалата. Но црниот коњ кој го контролира полето а4, се заканува да ја затвори вертикалта на белиот топ, доколку тој отстапи на некое од полињата од а5 до а8, па оттаму следува дека вистинскиот потег за белиот е 1.Та3!!. Сега на 1...Sxa2 следува 2.Тха2++ или 2.Lxb2++, и за секој друг потег на коњот, белиот матира играјќи 2.Lb1++ или на 1...Sb1 2.Lxb1 (нан поголем број од потезите на коњот, белиот може да матира и со 2.Lxb2, но не и на 1...Sd1). Доколку пак црниот одигра со својот топ, на 1...Тха2, следува 2.Lxc3++, на 1...Тхс3+ 2.Кхс3++, а на 1...Тb1+ или 1...Тxb3, белиот матира со 2.Lb1 (на 1...Тb1+ 2.Lxb1, а на 1...Тxb3, мат е и 2.Lxb3).
|
|