Во оваа позиција, белиот има голема материјална предност, но црниот има многу опасен а-пешак, кој е на две полиња до промоција.
Целта на белиот е да победи. За то да го оствари потребно е, или даго спречи напредувањето на црниот пешак до полето на приомоција, или да „сплете“ матна мрежа а црниот крал. 1.Sc6!!. Белиот го жртвува својот коњ, со цел да го оневозможи напредувањето на противничкиот пешак на а2. Сега на 1...а2??, следува 2.Sb4+ и белиот победува освојувајќи го црниот пеша. Секој друг потег на белиот води кон промоција на црниот пешак, по 1...а2. 1...Kxc6. Црниот мора да ја прими жртвата, бидејќи секако белиот би го потавил својот коњ на b4, спречувајќи го црниот пешак на својот пат.
2.Lf6. Белиот се обидува со напад на невранетиот пешак на d4, да го контролира и полето a1. 2...Kd5. Црниот мора да го заштитува својот централен пешак (на 2...Kc5?? 3.Le7+, освојувајќи го a-пешакот). Следува 3.d3!, со закана 4.c4. Единствен потег за црниот е 3...а2 (на 3...Кc5 4.Le7+, а со секој друг потег на црниот крал, црниот го губи d-пешакот). 4.c4+ 4...Kc5 (на 4...dxc3 5.Lxc3 и белиот победува). Следува 5.Kb7!. Ова е потегот по кој белиот сигурно победува. Сега црниот мора да го оддалечи својот крал од d-пешакот, бидејќи на 5...а1D, следува 6.Lе7#.