Портал:Хемија/Избрана статија
Кислород — хемиски елемент во периодниот систем. Го има симболот О и атомски број 8. Зборот кислород доаѓа од двата старогрчки зборови οξυς (оксис) = киселина и γεινομαι (геиномаи) = содржи. Ова име било избрано бидејќи во периодот во кој бил детерминиран кислородот (доцниот 18 век), се мислело дека сите киселини содржат кислород. Овој хемиски елемент е доста распространет и може да се најде не само на Земјата, но и низ целата вселена, најчесто ковалентно сврзан со други елементи. Несврзаниот кислород (најчесто нарекуван и молекуларен кислород или O2, двоатомска молекула) се појавил уште во палеопротерозоикот (пред меѓу 2500 милиони години и 1600 милиони години) и како производ од метаболизмот на раните анаероби (археи и бактерии). Прочитајте повеќе