Портал:Таоизам/Вовед
Таоизмот е популарна вера кај Кинезите. Се претпоставува дека негов основоположник е Лао Це. Всушност, таоизмот претставува еден вид на мистичен пантеизам. Во таоизмот сè потекнува од тао (кинескиот прав пат) и сè ќе се врати таму со текот на времето. Во таоизмот се негуваат култот кон духовите, природата и предците. Оваа философија е фантастична и нејасна, наспроти трезвеното конфуцијанско учење.