Портал:Религија/Избрана личност/2008/октомври
Папата Свети Лав I (400 — 461) — папа на римската црква од 29. септември 440. год. до 10. ноември 461.
Тој бил римски аристократ, црковен учител, и првиот папа од римската црква што бил наречен „Велики“. Познат е по тоа што го пресретнал хунот Атила пред портите на Рим, но и по зацврстувањето на римската црква и проширувањето на јазот со Византија. Во таа смисла, Лав I е еден од основачите на римокатолицизмот и водечка личност во централизацијата и организацијата на Римокатоличката црква.
Католичката и многу англикански цркви го одбележуваат 10. ноември како ден на Свети Лав, а православните цркви го одбележуваат 18. февруари. Прочитајте повеќе