Портал:Музика/Избрана статија
Underworld е главното име под коешто британското музичко дуо Карл Хајд и Рик Смит снимале од крајот на осумдесеттите. Групата е најпозната по „Born Slippy .NUXX“, песна популаризирана по хит-филмот на Дени Бојл од 1996 година, Trainspotting.
Хајд и Смит го започнале нивното музичко партнерство со The Screen Gemz додека студирале заедно на уметничкиот колеџ во Кардиф. Во 1983 година снимиле два албуми за CBS Records како прото-електроклеш њуроментик бенд наречен Freur.
Freur се растурил во 1986. Во 1987 членовите на Freur го создале бендот Underworld и се обиделе со повеќе гитарски-ориентиран фанки електропоп звук на два албуми (видете: Дискографија на Underworld) за Sire Records пред да се растурат во 1990 (Групата Underworld од овој период за да се разликува ја викаат „Underworld Mk1“). Прочитајте повеќе