Портал:Кулинарство/Избрана статија
Стапчињата за јадење се пар мали еднакво долги вретенести стапчиња со потекло од древна Кина, и служат како прибор за јадење во Кина, Јапонија, Кореја, Тајван и Виетнам.
Истите можат да се најдат во некои региони на Тибет и Непал кои се блиски до ханските кинези. Во југоисточна Азија стапчињата се користат за јадење на нудли. Стапчињата се изработуваат од дрво, бамбус, метал, коска, слонова коска, и во денешно време, пластика. Обете стапчиња се ракуваат во една рака – помеѓу палецот и другите прсти – и се користат за земање на храна. Прочитајте повеќе