Портал:Ерусалим/Избрана биографија
Соломон ( хеб.: שְׁלֹמֹה) е последниот од трите цареви на Израелско-јудејското царство, коешто го наследува од својот татко Давид. Соломон е всушност, според Библијата, вториот син на Давид и Витсавеја. Во Библијата Соломон е опишан како голем мудрец, со големо богатство и моќ, но во исто време е обвинуван за толерантноста кон многубројните жени, кои, макар и го примале како вера јудаизмот, продолжуваат да си ги почитуваат старите си богови. Соломон управувал со Ерусалим и бил првиот цар, кој решил да се изгради храм во градот.