Портал:Екологија/Избрана статија
Под кружење на водата се подразбира постојаната размена на вода помеѓу атмосферата, водените површини, надземните и подземните води и растенијата.
Водата во природата е во постојано движење преку процесот на размена:
- испарува од океаните, морињата и другите водени површини во атмосферата како водена пареа која потоа формира облаци;
- транспирира од растенијата во атмосферата;
- врне во форма на дожд, снег и други форми од атмосферата и паѓа назад во морињата и на копното; и
- тече по копнените површини како резултат од врнежи и топење на снег и мраз и обично стасува до морињата.