Портал:Египтологија/Вовед
Египтологија е науката која се занимава со изучување на Стариот Египет и египетските антиквитети. Таа е регионална и тематска гранка на пошироките дисциплини античка историја и археологија. Современата египтологија (наспроти антикварскиот интерес за земјата Египет) се смета дека се зародил во 1822 година, кога Жан-Франсоа Шамполион објавил генерална дешифрација на хиероглифите за прв пат, со помош на Розетскиот камен. Постојат многу отворени проблеми во врска со Стариот Египет, а некои од нив никогаш неможат да бидат решени. Египетската археологија е во постојана транзиција, со тоа што голем дел од теримологијата и хронологија е спорна. Археолошките наоди се нецелосни, каде безброј реликвии не можат да се пронајдат или биле уништени. Прочитајте повеќе