Портал:Геометрија/Избрана статија
Кружница претставува множеството точки (формално поточно: геометриското место на точки) кои се еднакво оддалечени од некоја фиксирана точка од рамнината. Точката се вика центар на кружницата, а растојанието од центарот до било која точка од кружницата се вика полупречник на кружницата.
Кружницата е една од елементарните рамнински криви. Нејзината конструкција е мошне едноставна, додека нејзиниот изглед е речиси волшебен. Затоа кружницата била позната и проучувана уште од многу одамна. Прочитајте повеќе