Портал:Архитектура/Избрана градба/2011/јануари
Кривата кула во Пиза — камбанарија или самостојна кула со ѕвона на катедралата на италијанскиот град Пиза. Изградена е на Плоштадот на катедралата, во склоп на комплексот кој вклучува и катедрала, крстилница и гробишта. Иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, кулата се накривила до размери што морала да биде санирана за да не падне.
Изградбата на кулата е започната во 1173, а завршена дури во 1372 година, па поради тоа содржи градежни стилови и декорации од различни периоди. Висока е 56,7 метри од повисоката страна, и 55,86 метри од пониската. Вкупната маса на кулата се проценува на 14.500 тони. Прочитајте повеќе