Архитектура — вештина на изработување нацрти и обликување на градби којашто може да се смета како уметност и како наука. Градбите вклучувајќи ја и внатрешноста, исто така претставуваат архитектура. Бидејќи под архитектура може да се подразбере секоја градба, група на градби или дел од градбата, видокругот на архитектурата е широк и вклучува нацрти и обликување на мебел, внатрешна архитектура, згради, дворови, паркови и предели, урбанистичко планирање и просторно планирање.

Зборот архитектура потекнува од старогрчкиот збор архитектон (αρχιτεκτων) којшто значи главен мајстор или градежник (αρχι=главен и τεκτων=мајстор, градежник). Прочитајте повеќе