Портал:Анатомија/Избрана статија

Модел на черепниот мозок кај човекот

Черепниот мозок претставува виш нервен центар и е дел од централниот нервен систем. Кај ’рбетниците е сместен во черепот. Неговиот степен на развој соодветствува на општата градба на ’рбетниците, така што черепниот мозок е најслабо развиен кај најпримитивните, а најсложено кај највисоко организираните ’рбетници — птиците и цицачите. Нервното ткиво кај черепниот мозок е претставено со два вида: сива маса (од невроцити и дендрити) и бела маса (од аксони), при што белата е распространета во централниот дел, додека сивата во периферниот дел, претставена со мозочна кора и субкортикални јадра. Черепниот мозок е составен од неколку делови, и тоа преден (голем) мозок, меѓумозок, среден мозок, заден (мал) мозок и продолжен мозок. Прочитајте повеќе