Пописи во Албанија
Од прогласувањето на независноста на 28 ноември 1912 година, Албанија организирала 11 пописи на населението. Првиот службен попис бил спроведен на 15 ноември 1923 година и бил ограничен на само пребројување на населението. Бидејќи во тоа време недостигале сознанија за возраста на граѓаните, биле собрани само главните одлики на населението. Сепак, пописите од 1923 година и подоцна 1930 година ја сочинувале основата за создавање на еден вид витален регистар на населението по возраст и пол.[1] Од 1945 до 1960 година, пописите ја следеле горе-долу истата методологија. Најважната цел на пописот од 1945 година било да се постави основата за регистарот на граѓанското население, т.н. Книга на основите на населението. Сите овие рани пописи биле спроведени со приодот на „замрзнат ден“, т.е. на никому не му било дозволено да го напушти својот дом додека попишувачот не го заврши попишувањето. Во периодот од 1969 до 1989 година, пописите продолжиле да бидат спроведувани под услов сите да бидат присутни на попишувањето. Пописите од 1923 до 1960 година собирале општи информации за одликите на населението за да се изгради и консолидира регистарот на граѓанското население, додека пописите спроведени во периодот 1969-1989 година имаа поелаборирани прашалници со прашања поврзани со социо-економските одлики на населението. Во тоа време, разликите меѓу податоците за матичната евиденција и пописот на населението биле мали поради отсуството на преселба. Неодамнешните пописи на населението и домовите од 2001–2011 година[2] биле спроведени во согласност со меѓународните препораки од Евростат и статистичкиот оддел на Економската комисија за Европа на Обединетите нации (ЕКЕОН/UNECE).[3]
Државни пописи
уредибр. | Датум | Вкупно Население |
% промена | По пол | Густина на км2 |
Домаќинства | Урбано население
во % | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Мажи | Жени | Вкупно | Средна големина | ||||||
1. попис | 15.11.1923 | 814.380 | - | 421.618 | 392.762 | 28.3 | 143.065 | 5.7 | 15,9% |
2. попис | 25.05.1930 | 833.618 | +26,1 | 428.959 | 404.659 | 28.9 | 146.249 | 5.7 | - |
3. попис | 30.09.1945 | 1.122.044 | +3,4% | 570.361 | 551.683 | 39,0 | 196.850 | 5.7 | 21,3% |
4. попис | 03.09.1950 | 1.218.943 | +8,2% | 625.935 | 593.008 | 42.4 | 211.613 | 5.8 | 20,5% |
5. попис | 02.10.1955 | 1.391.499 | +13,2 | 713.316 | 678.183 | 48.4 | 251.756 | 5.5 | 27,5% |
6. попис | 02.10.1960 | 1.626.315 | +15,5 | 831.294 | 795.021 | 56,5 | 279.805 | 5.8 | 30,9% |
7. попис | 01.04.1969 | 2.068.155 | +23,9 | 1.062.931 | 1.005.224 | 71,9 | 346.588 | 6.0 | 31,5% |
8. попис | 07.01.1979 | 2.590.600 | +22,4 | 1.337.400 | 1.253.200 | 90.1 | 463.333 | 5.6 | 33,5% |
9. попис | 12.04.1989 | 3.182.417 | +20,5 | 1.638.074 | 1.544.343 | 110.7 | 675.456 | 4.7 | 35,5% |
10. попис | 01.04.2001 | 3.069.275 | -3,6% | 1.530.443 | 1.538.832 | 106,7 | 726.895 | 4.2 | 42,1% |
11. попис | 01.10.2011 | 2.821.977 | -8,3% | 1.403.059 | 1.397.079 | 98.1 | 722.600 | 3.9 | 53,1% |
Белешки
уреди- На пописот од 2011 година, 21.839 испитаници одбиле да учествуваат.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Censusi i Shqipërisë së paraluftës“. Scan TV. Архивирано од изворникот на 2017-03-31. Посетено на 7 ноември 2023.
- ↑ Shahollari, Luan. „Reforma territoriale duhet të nisë nga …fshati!“. DITA Newspaper. Архивирано од изворникот на 2019-12-08. Посетено на 7 ноември 2023.
- ↑ Filipi, Gjergj (2014). „Albania Population Dynamics“ (PDF).
- ↑ „Censusi i Popullsisë dhe Banesave 2011“ (PDF). INSTAT.