Помош:Акцентирани македонски букви
Ова е мало упатство за примена на македонски букви со надреден знак Ѐ, ѐ, Ѝ, ѝ, кај разните веб прелистувачи.
Windows XP/2000/ME/98 уреди
Internet Explorer уреди
Internet Explorer го препознава знакот „Ѐ“, и „ѐ“, но за да е видлив знакот „Ѝ“ и „ѝ“, мора да се вметнат во соодветната предлошка во облик {{Уникод|Ѝ}} или ѝ за да бидат видливи. [citation needed] Копчето за оваа предлошка се наоѓа во алатникот на дното на страницата.
Останати пребарувачи уреди
Пребарувачите Mozilla Firefox и Opera ги препознаваат сите овие букви без никакви додатоци.
Linux уреди
Пребарувачи уреди
Најголемиот број на пребарувачи како Galeon, Konqueror, Mozilla, Mozilla Firefox, Opera и други ги препознаваат сите овие букви без проблеми доколку имате инсталирано поддршка за македонски јазик.
Внесување на знаците уреди
За внесување кој било од знаците под Windows користете ја комбинацијата ctrl+shift+уникодната шифра на знакот, додека за Линукс е доволно да притиснете ` (нема да се појави ништо), па потоа е или и. На пример за под Windows да внесете Ѐ, држејќи ctrl и shift истовремено, ги притискате копчињата 4, 0 и 0;
Шифри уреди
Шифрите Уникод за акцентираните македонски букви се следниве:
- Ѐ = U+0400
- ѐ = U+0450
- Ѝ = U+040D
- ѝ = U+045D
Понатамошна помош уреди
Доколку и по читањето на ова упатство и следењето на упатствата содржани во него имате некаков проблем или пак нешто сè уште не ви е јасно, слободно побарајте помош на порталот.