Поморски музеј (Осака)
34°38′24″N 135°24′16″E / 34.640049° СГШ; 135.404574° ИГД
Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) е еден од најголемите поморски музеи во Јапонија. Музејот бил отворен од страна на градоначалникот на Осака на 14 јули 2000, а изградбата започнала во март 1998.[1] Градбата е проектирана од страна на францускиот архитект Пол Андро[2], кој соработувал со Аруп и Тохата.[3] Музејот бил изграден на обработливо земјиште во заливот Осака[4], во вредност од 12.8 милијарди јени, со копија од трговски период од периодот Едо, бродот Нанива Мару како главно дело во музејот. Барањата на градбата за да опстане сеизмички и од можните бури успешно биле исполнети[3] и довеле, градбата да ја добие Специјалната награда за структура во 2002 од страна на Институтот за структурни инженери во Обединетото Кралство.[5]
Местоположба
уредиГрадот Оскаа посакал, изградбата на музејот да има влијание на поморската историја на градот.[4] Архитектите планирале местоположбата на музејот да биде плодно земјиште покрај заливот Осака, каде што биле изградени бропјни админиситративни центри, за да се создаде патоказ кон центарот на градот. Пред да се зафати со клучните работи, архитектот Пол Андро направил првобитни скици на кои го прикажал изгледот на објектот и изјавил дека музејот треба да биде сместен во вода[1], па површина од дури 300.000 m² требала да биде ископана од обработливото земјиште[4] за градбата да го добие конечниот облик со полутопка во горниот дел којашто се чини дека испливува над водата. Од копното до објектот бил изграден подводен тунел.[2]
Проектирање на изгледот на градбата
уредиАндро ја проектирал изградбата врз основа на геодезичката купола на Бакминстер Фулер.[4] Луѓето од „Аруп“ биле одговорни за обликот на стрултурните елементи на градбата, како и за електричните и сеизмолошки решенија за објектот и внатрешноста, во која би можеле да се одржуваат изложби. Јапонското претпријатие „Тохата“ ја презело одговорноста за конструкцијата на влезот до објектот, подводниот тунел и подструктурата на целата градба.[3]
Објектот се наоѓа на 25m од брегот на врвот од 15m висока алувијална почва. Колците биле проектирани во должина од 40m. За да се оневозможи потопување на градбата во случај на земјотрес, последните 10m од колците биле проектирани со челичен слој, а за да се оневозможи градбата да предизвика подигнување на нивото на водата, колците биле поставени на тенкла плочка над земјата на дебелина од 1.6–2.5m, со цел да се оневозможи преголемата маса да го зголеми притисокот.[3]
Полукружниот објект содржи билтарница, влезна сала и административни простории со складипте и растителен погон два ката под нивото на водата. Од влезната сала, посетителите се симнуваат низ подводниот тунел со застаклени ѕидови. Тунелот е изработен од армиран бетон и е широк 15m, а долг 60m, но најкраткото растојание од објектот до брегот е 15m[1]
Конечниот изглед на градбата со површина од 20.000m², од кои 5.000m² е површината на влезот, 1.000m² изнесува површината на 60m долгиот подводен тунел, којшто води до внатрешноста на градбата, чија површина е поделена на 4 нивоа со вкупна површина од 14.000m².[4]
Изградба
уредиПрограмата за изградабта на музејот траела 25 месеци, а куполата била најкритичниот дел во целиот објект. Било откриено дека куполата треба да биде градена однадвор, додека внатрешната скеција одвнатре, со цел да се избегнат судири за време на изградбата и да се осигура завршување на работите на време. Ова исто така значело дека структурата на куполата била изолирана од внатрешната структура, поедноставувајќи ја отпорноста против земјотреси. Изградбата на куполата му припаднала на претпријатието „Тешка индустрија Кавасаки“, делумно поради тоа што биле оддалечени само 33 км од градилиштето, на другата страна на занивот Осака side of Osaka Bay. На 3 ноември 1998, кран тежок 4.100 t ја дигнл 1200 t тешката кушола и ја натоварил на сплав. На 5 ноември, сплавот го поминал 6 часовниот пат до музејот и еден ден подоцна, кранот ја спуштил куполата над целосно изградената градба.[1]
Музеј
уредиОсака е пристаништен град, кој засилено се развил за време на периодот Едо, стануивајќи познат како „јапонската кујна“[6]. Целта на музејот е да покаже како морето, бродовите и пристаништето биле користени за да се овозможи развој на градот и развој на поморството во светот воопшто.
Централниот изложбен примерок е копијата од бродот Нанива Мару, којшто навистина пловел во 17. век, познат и под името Хигаки каисен.[6] Бродот бил внесен во заливот Осака пред да биде затворен музејот со спуштањето на куполата. На четирите ката кои ја опкружуваат копијата на бродот Нанива Мару се наоѓаат голем број на артефакти и изложбени примероци, кои го покажуват развојот на поморската трговија во Осака, но и во целиот свет.[7] Меѓу нив се наоѓаат Укијо-е отпечатоци, копии од носови фигури и прикази на бродоградба.[8]
Во подрумот од музејот се наоѓаат видео-театари. Во „Салата морска авантура“ се прикажуваат научнофанатстични приказни со млади јапонски морнари, средби со пирати, бурио со силни бранови, а седиштата може да се поместат и прилагодат по желба на гледачите. Во „Театар на морињата“ гледачите поминуваат низ Венеција во 3D филм, вво кој има симулација на брановите и миризбите.[8] Симулаторот на јахти им дава можност а посетителите да се обидат со своите раце виртуелно да запловат.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Arup (1-2001). „Osaka Maritime Museum“ (PDF) (англиски). стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-16. Посетено на 2009-05-05. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 2,0 2,1 „Profile: Paul Andreu“ (англиски). BBC News. 2004-05-24. Посетено на 2009-05-05.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Arup. „Osaka Maritime Museum Dome“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2009-04-28. Посетено на 2009-05-05.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Jodidio, Philip; Andreu, Paul and Frutiger, Adrian (2004). Paul Andreu, Architect (англиски). Birkhäuser. стр. 203. ISBN 3764370106, 9783764370107 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). Посетено на 2009-05-05.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Arup (2002-03-18). „Osaka Maritime Museum wins Structural Special Award“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2007-10-16. Посетено на 2009-05-05.
- ↑ 6,0 6,1 „Osaka Maritime Museum - Official Website“. Архивирано од изворникот на 2009-11-01. Посетено на 2009-05-08.
- ↑ „Osaka Visitor's Guide - Osaka Maritime Museum“. Архивирано од изворникот на 2010-01-09. Посетено на 2009-05-08.
- ↑ 8,0 8,1 „What's In Osaka Maritime Museum“ (PDF). стр. 2. Посетено на 2009-05-11.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди„Поморски музеј (Осака)“ на Ризницата ? |
- Офцијална страна на музејот Архивирано на 22 март 2009 г.