Пол Боулс
Пол Фредерик Боулс (30 декември 1910, Њујорк, Њујорк, САД - 18 ноември 1999, Танџер, Мароко) — американски композитор, писател и преведувач.
Боулс студирал компонирање со Арон Копланд и напишал музика за повеќе од 30 филмови и драми. Во 40-тите години на 20 век се преселил во Мароко.
Дела
уредиВо 1948 година во Танџер ја издал својата најпозната новела „Прикриеното небо“ подоцна адаптирана во истоимен филм во 1990 година. Во новелите на Боулер, протагонисти се најчесто луѓето од Запад на кои им било скратено контактирањето со традиционалните култури, што ги збунувало, насилнички настани и психички колапси, раскажани со рамнодушен и елегантен стил.
Неговата жена, Џејн Боулс (1917-1973) е позната по новелата „Две сериозни дами“ (1943) и драмата „Во летната куќа“.
Користена книжевност
уреди- Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.