Половина нота

(Пренасочено од Половина (музика))

Половина или половина нотанотна вредност претставена со јајцевиднанотна глава во бела боја, на која се надоврзува врат. Положбата на нотната глава во петолинието ја означува нејзината висина.

Половина нота и половина пауза

Времетраењето на половината е еднакво на половина од цела нота, двојно од четвртина, четиркратно од осмина, осумкратно од шеснаесетина, итн.

Во такт нумериран 4/4, половина нота вреди две отчукувања, или половина од тактот.

Половина пауза уреди

Пауза со исто времетраење како и половината нота е половина пауза.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди