Полициска приказна 3
„Полициска приказна 3“ (кинески: 警察故事) — хонгконшки филм од 1992 година во режија на Џеки Чен (Jackie Chan), по сценариото на Едвард Танг (Edward Tang), Фајби Ма (Fibe Ma) и Ли Вај Ји (Lee Wai Yee). Главните улоги ги играат: Џеки Чен, Меги Чеунг (Maggie Cheung) и Мишел Јео (Michelle Yeoh). Ова е третиот филм од серијалот „Полициска приказна“.[1]
Синопсис
уредиПолицискиот инспектор Чан Ка-куи, наречен Кевин (го игра Чен) е „суперполицаец“, мајстор на боречките вештини. Него го испраќаат во Гуангжу, каде што директорката на месната канцеларија на Интерпол, инспекторката Џесика Јанг, го упатува на неговата следна задача: Чајбат, главниот трговец со дрога, со седиште во Хонгконг.