Пола сунца
"Пола сунца" (македонски: Половина сонце) е песна од српската пејачка Марија Шерифовиќ, земена од нејзиниот шести студиски албум Долази љубав (2023). Пессната била напишана од Бане Опачиќ, продуцирана од Душан Алагиќ, а аранжманот бил финализиран од Алагиќ и Душан Крсмановиќ. Хрватскиот пејач Матија Цвек служи како придружен артист. Била издадена како сингл на 6 октомври 2023. По издавањето, била пресретната од позитивна критика од страна на слушателите, а многу од нив ја споредиле вокалната изведба на Цвек со таа на Тоше Проески. Песната била исто така комерцијално успешна и успеала да се искачи на третото место на табелата Хрватски песни од Билборд.
Музичко видео за песната било режирано од Hamper Digital и издадено на 6 октомври 2023. Го прикажува дуото како ја пее песната, Цвек облечен во црно сако, а Шерифовиќ во црно. Видеото многу брзо влегло во тренд и добило повеќе од 1 милион прегледи во 2 дена на платформате за видеа Јутјуб. Со цел повеќе да ја промовира песната, двајцата артисти дале свое интервји за време на телевизиското гостување во емисијата Kec na jedanaest.
Заднина
уредиКон крајот на 2023, хрватскиот пејач Матија Цвек бил исконтактитан од српската пејачка Марија Шерифовиќ со цел да соработуваат на песна. По внимателно размислување, двајцата се одлучиле да ја снимат песната "Pola sunca" од шестиот студиски албум на Шерифивиќ, насловен Долази љубав (2023) како колаборација.[1][2] Одлуката да работат заедно дошла откако Шерифовиќ го исконтактирала Цвек на телефонот и побарала да се сретнат. Тој потоа отпатувал до Белград кадешто двајцата се сретнале; по краток настап на песната од Шерифович и краток прегкед на репертороарите, тие одлучиле да продолжат и да ја снимаат "изискателната" песна.[1] Цвек можел да се препознае во текстот, а баладата го потсетила на "големите Балкански балади" коишто го водат во детството.[3] Тој исто така ја изјавил надежта дека песната ќе му "отвори врати" за кариера во Србија.[4]
Додека ја пееле песната, слушателите и фановите на Цвек, приметиле сличности помеѓу вокалната изведба и таа на Тоше Проески што тој самиот ја препознал за време на интервју. Додал и дека може да е влијание поради изложеност на неговата музика.[1]
Промоција
уредиМузичко видео
уредиПридружното музичко видео режирано од Hamper Digital било издадено на 6 октомври. За снимањето биле присутни околу 40 луѓе на сетот и Цвек изјавик како атмосферата знаела да стане "изискателна", но многу професионална. За време на снимањето, тој исто така ја видел улогата којашто ја одигрувал како "предизвикувачка".[4] За клипот, Цвек се појавува во бело одело од Марко Фехер. Низ видеото, Шерифовиќ е исто така облечена во црн костим и двајцата може да се видат како ја пеат песната пред камерата. Покрај тоа, во една снимка, Цвек може да се види гол позади грбот на којшто се наоѓа восок и две свеќи на неговата кожа.[3] Музичкото видео било многу популарно на платформата за споделување видеа Јутјуб кадешто добило повеќе од 1 милион прегледи за два дена.[3] Од април 2024, музичкото видео има повеќе од 9.4 милиони прегледи на платформата, 5 месеци по издавањето.[5]
Телевизиски појавувања
уредиДуото, посебно, направило телевизиски појавувања на српското шоу Kec na jedanaest; Шерифовиќ се појавила на 15 октомври 2023 додека Цвек се појавил на 24 ноември 2023.[1][6] Зборувајќи за својата одлука да го избере Цвек, Шерифовиќ споделила дека ги барала квалитетите "свеж, искрен, вреден и од висок квалитет" кои би се помешале со нејзината љубов кон музиката, на што Цвек дошол како "логичен избор".[6]
Настап на табели
уредиСинглот бил многу комерцијално успешен и се искачил ма првото место во Хрватска и во Србија; при дискутирањети на неговите погледи дека песната, којашто била малку поразлична од другите песми кои биле во тренд, а сепак го нашла своето место до публиката, Цвек ја опишал како "нетипична" и нешто што го изненадило.[1]
Синглот се искачил на третото место на табелата од Билборд на Хрватски Песни на крајот на неделата од 21 октомври 2023.[7] Наредната недела, се поместила на позицијата четири.[8]
Табели
уредиТабела (2023) | Најви позиција |
---|---|
Хрватска (Хрватски Песни)[7] | 3 |
Кредити
уредиКредитите се земени од описот на музичкото видео на Јутјуб.[5]
- Кредити за песна
- Музика: Бане Опачиќ
- Текст: Бане Опачиќ
- Аранжирано од: Душан Алагиќ, Душан Крсмановиќ
- Продукција: Душан Алагиќ
- Тапани: Младен Драговиќ
- Клавијатура / Гитара / Програмирање / Виолина: Душан Алагиќ
- Програмирање, клавијатура: Душан Крсмановиќ
- Снимање, микс и мастеринг: Страхиња Ѓуриќ за Late Night Studio Belgrade, 2023.
- Кредити за видео
- Продукција: Hamper Digital
- Егзекутивна продукција: Qlaack
- Уметен режисер & режисер: Милош Шаровиќ
- Режисер на фотографија: Марко Кажиќ
- Дизајн на продукција: Милош Радовановиќ
- Дизајнер на костуми: Марко Фехер
- Прв AD: Сара Вуловиќ
- Продуцент: Душан Младеновиќ / Qlaack
- Продукциски менаџер: Ана Месарош / Qlaack
- PA: Софија Шокчиќ / Qlaack
- Уредник: Матија Новаковиќ
- Нијанса на боја: Горан Тодориќ
- VFX: Мерлин Студио
- Графички дизајн: Харис Јусовиќ
- Фотограф: Миомир Милиќ
- Дополнителен дизајнер на костим: Марко Чворовиќ
- MUA: Наташа Мицовиќ
- Фризер: Стефан Пановски
- Гафер: Милош Вученовиќ
- Key Grip: Драган Гаги Јовиќ
- Steadicam: Петар Стојановиќ
- Прв AC: Марко Јокиќ
- SFX: MagicEffect
- Плејбек: TonMaster
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Matija Cvek: "Pola sunca", Marija Šerifović, Jelena Rozga, koncert u Beogradu I Kec Na Jedanaest. K1 Телевизија. 24 ноември 2023. https://www.youtube.com/watch?v=1SC5GF4wRpY&ab_channel=K1Televizija.
- ↑ Loud and Clear - Matija Cvek. Loud Digital. 26 октомври 2023. https://www.youtube.com/watch?v=HfCdUobKHEw&t=102s&pp=ygUaTWF0aWphIGN2ZWsgbG91ZCBhbmQgY2xlYXI%3D.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Matija Cvek o Pola sunca: Ne znam što je bilo Mariji Šerifović da je izabrala baš mene / Reakcija. 10 октомври 2023. https://www.youtube.com/watch?v=aRvQ8Kj0O6w&t=3s&ab_channel=24sata.
- ↑ 4,0 4,1 Matija Cvek: 'Marija Šerifović je dosta zahtjevna' / Veliki intervju. 12 октомври 2023. https://www.youtube.com/watch?v=4lsyFqPLiDo&.
- ↑ 5,0 5,1 Marija Serifovic feat. Matija Cvek - POLA SUNCA - (Official Video 2023). Марија Шерифовиќ. 6 октомври 2023. https://www.youtube.com/watch?v=fiWUTXe-I0E&ab_channel=MarijaSerifovic.
- ↑ 6,0 6,1 Marija Šerifović o uspehu albuma "Ljubav je došla" i saradnji sa pevačem Matijom Cvekom I Kec Na 11. 15 October 2023. https://www.youtube.com/watch?v=DMML1pk0NgI.
- ↑ 7,0 7,1 „Croatia Songs (Week of October 21, 2023)“ [Хрватски Песни (недела 21 октомври 2023)]. Билборд (англиски). 18 октомври 2023. Посетено на 17 април 2024.
- ↑ „Croatia Songs (Week of October 28, 2023)“ [Хрватски песни (недела на 28 октомври, 2023)]. Билборд (англиски). 24 октомври 2023. Посетено на 16 април 2024.