Показалец — вториот прст на раката кој се наоѓа помеѓу палецот и средниот прст. Тој е пократок од средниот прст, а може да биде подолг или пократок од домалиот прст, овој однос варира од личност до личност.

Показалец
Платон, детаљ од сликата „Атинска школа“

Показалецот обично се насочува (вперува) кон саканиот предмет или личност. Во некои култури, показалецот се користи како број 1 при броење на прстите. Показалецот свртен нагоре означува авторитет, и во таа смисла Платон го користи на сликата од Рафаел „Атинската школа“.[1]

Наводи

уреди
  1. Brusati, Celeste; Enenkel, Karl A. E.; Melion, Walter (11 ноември 2011). The Authority of the Word: Reflecting on Image and Text in Northern Europe, 1400-1700. Brill. стр. 168. ISBN 9004215158.