Подморска патрола
Подморска патрола (изворно на англиски: Submarine Patrol) ― филм од 1938 година во режија на Џон Форд со Ричард Грин и Ненси Кели во главните улоги. Во споредниот глумски состав се Престон Фостер, Џорџ Банкрофт, Елиша Кук Помладиот, Џон Карадин, Макси Розенблум, Џек Пеник, Вард Бонд и неспомнатиот Лон Чејни Помладиот како стражар на морнарицата. Филмот делумно бил напишан од Вилијам Фокнер.
„Подморска патрола“ | |
---|---|
Режисер | Џон Форд |
Продуцент | Дерил Ф. Занук |
Сценарист | Вилијам Фокнер Џек Јелен |
Главни улоги | Ричард Грин Ненси Кели Престон Фостер Џорџ Бенкрофт |
Кинематографија | Артур Милер |
Монтажа | Роберт Симпсон |
Дистрибутер | 20th Century Fox |
Премиера | ноември 25 1938 |
Времетраење | 95 минути |
Земја | Соединети Држави |
Јазик | Англиски |
Улоги
уреди- Ричард Грин како Пери Таунсенд III
- Ненси Кели како Сузан Лидс
- Престон Фостер како Џон К. Дрејк
- Џорџ Банкрофт како капетан Лидс
- Слим Самервил како Спадс Фикет
- Џ. Фарел Мекдоналд како Сејлс Квинканон
- Ворен Хајмер како Роки Хагерти
- Даглас Фаули како Пинки Брет
- Дик Хоган како Џони Милер
- Елиша Кук Помладиот како Радерфорд Дејвис Прат („Професорот“)
- Вард Бонд како Симен Олаф Свансон
- Џорџ Е. Стоун како Ирвинг Голдфарб
- Џек Пеник како Ганс Мекпик
- „Слапси Макси“ Розенблум како поморскиот стражар, наредник Џо Дафи
- Џон Карадин како Мекалисон
- Хенри Армета како Лујџи
- Џоан Валери како Ана
- Роберт Ловери како Спаркс, радиомен
- Лон Чејни Помладиот како морски стражар (неспомнат)