Поделена љубов (филм)

„Поделена љубов“ (француски: La fille coupée en deux = Девојка на половина) е филм од 2007 година, режиран од Клод Шаброл (Claude Chabrol). И во овој филм, Клод Шаброл го прикажува животот на француското „високо“ општество, преку приказна за млада девојка која се обидува да успее во тие кругови. Главните улоги ги толкуваат: Лудивин Сањер (Ludivine Sagnier) која ја глуми Габриел Денеж, Беноа Магимел (Benoît Magimel) во улогата на Пол Гиденс и Франсоа Берлан (François Berléand) како Шарл Сен Дени.[1]

Сиже

уреди

Габриел Денеж е млада шармантна и харизматична девојка која гради телевизиска кариера. Нејзината љубов кон популарниот писател Шарл Сен Дени останува изневерена, па таа утеха наоѓа во патолошката заљубеност на неурамнотежениот Пол Гиденс, наследник на големо богатство. Во тој момент, таа е ставена помеѓу двата популарни лика од париското високо општество.

Наводи

уреди